Нобеловата награда за хемија за тројца научници

Нобеловата награда за хемија годинава ја добија тројца научници.

Австриецот Мартин Карплус, Јјужноафриканецот Мајкл Левит и Израелецот Ериј Воршел ја поделија престижната награда за поставување на темелите на моќните програми, кои се користат за разбирање и предвидување на хемиските процеси.

Компјутерските модели во реалниот живот станаа круцијални за повеќето научни теории кои денеска се поставуваат во хемијата, се вели во образложението на кралската академија.

Добитниците ќе поделат награда од 1,25 милиони долари..
притисни ентер