Преку адаптација на стари куќи во нови домови до стимулирање на наталитетот

Македонско-босанското здружение од Битола отпочна со нов проект кој има за цел да го стимулира наталитетот.

Преку адаптација на стари куќи се градат нови домови за млади брачни парови кои на овој начин добиваат станбени услови да го прошируваат семејството.  Од здружението објаснуваат дека становите се градат во куќи, сопственост на иселеници во странство, на кои куќите долго им стојат празни, како и куќи кои заради големината или високата цена долго не можат да се продадат. На овој начин тие сопственици добиваат можност куќите да ги продадат на одложено плаќање, а младите брачни парови добиваат можност да стекнат нов дом на кредит, но без камата. Како што ги отплаќаат ратите, така го отплаќаат својот дом.

,,И така куќите стојат празни. Има доста кои во странство.  Да ги продадат куќите не им значи многу зашто веќе се рунирани. Така да ние ја отворивме таа акција. Кој сака да ја даде куќата на отплата, не да ја подари. И на тоа место да се изградат станови.,,-вели Вера Благоевиќ, од Македонско-босанското здружение- Битола.

Првите неколку станови за млади брачни парови веќе се изградени во населбата Јени Маале во Битола.

,,Имаме реализирано 4 станови. Во план е догодина да бидат уште 10. Се надеваме дека уште ќе им заинтересирани да отстапат објекти кои ќе се плаќаат како што се плаќаат становите. Со тоа нашите штитеници наместо да плаќаат кирија си го отплаќаат својот дом во кој можат да си свијат гнездо и да си гледат дечиња.,,-вели Благоевиќ.

Проектот е наменет пред се за млади брачни парови со ниски примања.

притисни ентер