Откриена нова причина зошто Ајнштајн бил генијалец?!

Мозокот на Алберт Ајнштајн се истражува уште од неговата смрт во 1955 година, кога бил фотографиран со согласност од неговото семејство.

Откако пред една година во магазинот Brain беше објавено истражување во кое се тврди дека причините за неговата генијалност лежат токму во формата на мозокот, во истиот магазин сега се објавени резултатите од истражувањето во кое се заклучува дека тој бил исклучително паметен поради добрата поврзаност меѓу левата и десната хемисфера на мозокот.

Научниците предводени од Вејви Мен ги споредувале фотографиите од мозокот на Ајнштајн со фотографии од постари, но и со мажи на негова возраст во моментот на смртта и дошле до заклучок дека всушност добрата нервна поврзаност резултирала со „генијален ум кој го задолжил човештвото“, пренесува Индипендент.

Левата и десната страна од неговиот мозок биле подобро поврзани од левата и десната страна на мозоците од луѓето со кој бил споредуван, а истражувачите до тој заклучок дошле мерејќи ја густината на подрачјата во кои се вкрстуваат нервите од едната во другата хемисфера. Оваа нова техника на мерење покажала на кој начин двата дела се поврзуваат, односно дека начинот на кој се поврзани нервите можат да влијаат врз различни функции.
притисни ентер