Фото: Гејшите повикуваат во Кјото!

Група млади ученички, кои сакаат да станат гејши, низ улиците на Токио ја спроведуваат кампањата „Ние сме живи и здрави, Кјото“.

Промоцијата има за цел да ги врати туристите во Кјото по минатомесечните поплави.

Гејшите, со векови наназад се најголемата атракција на градот, а ученичките наречени „маико“(детето кое игра) во Кјото и во Токио учат вештини како танцување, пеење и свирење, пред да станат вистински гејши.

Според јапонската национална туристичка организација, во земјата денес има нешто помалку од 10.000 гејши кои активно учествуваат во животот на заедницата и се подвргнати на строги правила. /Извор: Б92/
притисни ентер