Ријана се облече и преку маицата им порача што мисли за сите оние што ја критикуваат

Ријана моментално е во Нов Зеланд, а фотографијата е направена пред концертот. Таа со натписот на маицата им порачува што мисли на сите оние кои го критикуваа новиот спот.

Ријана конечно облече нешто на себе и објави фотографија на Твитер.

Но, со оглед на тоа што пејачката ништо не прави без да привлече внимание, така и овој пат имаше смислено сценарио.

Облечена во куси тексас панталони, карирана кошула, чизмички и маица на која пишува „Blow me“. Сигурно има добра причина зошто Ријана ја облекла токму оваа маица, но останува нејасно кому точно му е упатена. Можеби на критичарите на нејзиниот нов спот Pour it up кои сметаат дека таа и овој пат претерала со голотијата и со невкусните сцени. Постои дури и група која се залага за забрана на спотот бидејќи сметаат дека таа им праќа лоша порака на младите девојки и дека тоа не е никаква уметност.


притисни ентер