Проповедник ја мачел до смрт 5 – годишната ќерка, се сомневал дека ја изгубила невиноста

Фајхан ал Гамди осуден е на осум години затвор и 600 удари со камшик. Тој како духовен авторитет има настапувано на сателитски канали, а неговата ќерка ја мачел во паузите меѓу два телевизиски настапа.

Саудискиот проповедник Фајхан ал Гамди осуден е заради убиство на својата петгодишна ќерка која ја претепал до смрт.

Многу критичари на саудиското судство стравуваа дека судот ќе го ослободи или дека ќе му доделат многу блага казма, па затоа беше покрената и кампања под слоганот „Јас сум Лама“, ангажирајќи ги медиумите да ги притискаат судските органи.

Самопрогласениот верски водач (не е признат од властите во Саудиска Арабија) според медицинското досие ѕверски постапувал кон своето дете. Од повредите и раните што и ги нанел таа почина.

Покрај модрици и гребаници по целото тело, таа имала и скршено ребро, искорнат и бил еден нокт, а имала и повреда на черепот. Имала траги од горење на кожата. Злоставувањето се случувало додека ќерката била со таткото, кој е разведен од мајката на девојчето.
Наводно ал Гамди се сомневал дека неговата ќерка ја „изгубила невиноста“, а според некои наводи можно е и тој самиот да ја силувал, иако тоа нејзината мајка го негира.

Активистите за човекови права веднаш покренаа кампања откако судијата кој го разгледувал случајот изјавил дека според исламските закони татковците не можат во целост да бидат виновни за смртта на своите деца.

Случајот беше објавен во сите светски медиуми, а како резултат на тоа направени се и незапаметени измени во законот за семејно насилство во земјата. Станува збор за многу конзервативно и патријархално општество во кое за вакви случаи се молчи и главно минуваат неказнето.

Со измените на законот е направен првиот чекор за ваквите злосторства да излезат од „четирите ѕида“ на семејните домови, но активистите тврдат дека сега треба да се види колку законот ќе се применува во пракса.
притисни ентер