Почнува Неделата на дизајн во Скопје

Над 200 учесници од десетина земји, 12 креативни работилници, 36 комерцијални изложби и шест концерти на регионални бендови во вечерните термини ќе понуди третото издание на Неделата на дизајн во Скопје (Skopje Design Week), која ќе се одржува од денеска до 6 октомври во Куршумли ан.

Манифестацијата ќе биде отворена вечер во 20 часот, а од утре до затворањето в недела ќе има содржини преку цел ден почнувајќи од 10 часот со слободен влез за посетителите.

Ќе има работилници за креативни претпријатија, за експериментален дизајн на продукти, дизајн на звук, за музички театар, дизајн во комуникацијата, работилница за поетичен дизајн, детски работилници за рециклирање и игра, работилница за гастрономија на која ќе се создаваат и претставуваат специјалитети... Меѓу изложбите ќе биде и таа за презентација на прототипови на современ македонски мебел изработени од 13 млади дизајнери. Оваа изложба во 2014 ќе патува на регионални фестивали за дизајн.

Ќе се претстават дизајнери од Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Шведска, Норвешка, Велика Британија и Швајцарија, која е земја во фокусот на годинашната скопска недела на дизајнот.

Во пресрет на манифестацијата, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на прес-конференција истакна дека Неделата на дизајн е платформа неопходна за долгорочен, стабилен и прогресивен развој на оваа сфера, дека со овој амбициозен проект се консолидирал креативниот сектор кај нас и, како што рече, голем број индивидуалци или групи на дизајнери веќе храбро почнаа да се позиционираат на пазарот. Токму на оваа манифестација својот креативен производ ќе го промовираат и неколку апликанти на првиот конкурс на Министерството за култура за креативни индустрии.

- Скопската недела на дизајнот е за нас особено значајна манифестација поради нејзината обединувачка димензија на сите чинители во секторот дизајн. Преку богатата програма и бројните работилници кои ги раководат етаблирани предавачи и ментори, младите македонски креативци секоја година добиваат извонредна можност да создаваат производи кои понатаму се претставуваат и на изложбите кои се дел од манифестацијата. Во оваа смисла Неделата на дизајнот е скапоцена инвестиција во создавањето автентичен македонски дизајнерски производ, конкурентен на светските пазари, истакна Канческа-Милевска.

За директорот на „Skopje Design Week“ Александар Велиновски настанот има три главни цели - да се подигне креативноста во Македонија со вклученост на повеќе лица и компании, да се развие производството и новите пазарни вредности и Македонија да се афирмира како нова дестинација за дизајн.

Програмскиот директор на манифестацијата Марта Наумовска, пак, додаде дека работилниците се алатки кои ќе им помогнат на претпријатијата како да ги разберат купувачите на новото време, односно, да знаат зошто се прави некој производ и за кого. Иднината на успешните претпријатија, рече Наумовска, е во издржаната приказна која само ако е искрена може да се продаде.



За оваа болест лек не постои, а може да доведе до неплодност

Симптомите само наизглед се безопасни

Многу жени не се ни свесни колку сериозно може да биде она што го сметаат за обична болка во „оние денови“.

Секоја жена барем еднаш во животот искусила менструални болки, грчеви, надуеност во текот на „оние денови“, а најчеста препорака за ублажување на болките е употребата на аналгетици.

Но, не сите болки за време на менструалниот циклус се безопасни. Честопати, тие се симптом на ендометриоза, недоволно дијагностицирана сериозна медицинска состојба која честопати може да се помеша со менструална болка. Во оваа состојба, ткивото што ја обложува матката расте и се лачи за време на менструалниот циклус. Меѓутоа, со ендометриоза, ова ткиво расте таму каде што не треба, во карлицата и другите делови на матката, предизвикувајќи различни симптоми, вклучувајќи карлична болка, болни менструални циклуси, болка за време на сексуален однос, неплодност и замор.

Како се дијагностицира ендометриозата?

Дијагностицирањето на ендометриозата честопати бара комбинирање на медицинска анамнеза, гинеколошки преглед и анализи како што се ултразвук или МРИ скенирање на карлицата. За време на гинеколошки преглед, лекарите бараат абнормалности како што се цисти или ткиво со лузни, и проверуваат дали има болка и чувствителност или знаци на сериозна болест. Во некои случаи, се користи лапароскопија за да се потврди дијагнозата. За време на оваа процедура, хирургот може да ги отстрани ендометриозните ткива и ткивото со лузни.

Како се лекува ендометриозата?

Во моментов не постои лек за ендометриоза, но третманот се фокусира на ублажување на симптомите, справување со болката и подобрување на квалитетот на живот. Третманот зависи од пациентот и ги зема предвид факторите како што се сериозноста на симптомите и репродуктивните цели на пациентот. Во некои случаи, се препорачуваат минимално инвазивни хируршки процедури. Исто така, хормонската терапија и лековите за ублажување на болка може да помогнат во олеснување на симптомите на ендометриоза.

Ендометриоза и неплодност

Ендометриозата може да доведе до неплодност на неколку начини, вклучително и блокирање на јајцеводите и лачење на токсини кои можат да спречат имплантација на оплодената јајце клетка. Во случаи кога другите терапии не се успешни и пациентката не сака да ја зачува својата плодност, може да се разгледа хистеректомија, хируршко отстранување на матката, заедно со ексцизија на ендометриозата.

Извор: srecna.republika.rs

Секојдневна рутина на 80-годишна баба за порцелански тен (видео)

Една повозрасна дама од Кореја стана популарна на Интернет по својата блескава и свежа кожа, откако нејзината внука сподели видео со трикови за нега на кожата.

Брчките, старечките дамки и губењето на колагенот се природен дел од стареењето на кожата, но многу луѓе тешко го прифаќаат овој процес, обидувајќи се да најдат начини за да го задржат свежиот изглед на кожата што е можно подолго. 80-годишната Тошико Ето стана позната откако нејзината 36-годишна внука Јури Ли од Лос Анџелес објави видео на кое бабата се појавува со блескава кожа.

Нејзината внука тврди дека баба ѝ сето тоа го постигнала без ботокс и филери, а нејзините придружници беа љубопитни да слушнат како оваа баба го одржува својот младолик и свеж изглед.

Ли за локалните медиуми открила дека нејзината баба се грижи за својата кожа уште од својата 20-та година, што е потсетник за тоа дека нашата кожа ни возвраќа во позрелите години доколку сме ја негувале уште од раната младост, кога сè уште изгледала беспрекорно.

Бабата ја има својата секојдневна рутина за нега

Во изминатите 60 години, Ето следи дневна рутина за нега на кожата, користејќи некои производи на кои останала доследна со децении. Еден од нејзините вообичаени производи е лосионот за навлажнување, што таа го прска на лицето. Дерматолозите велат дека овој лосион содржи активна состојка дикалиум глициризинат, кој го изедначува тонот на кожата и помага во одржувањето на хијалуронската киселина, пренесува Business Insider.

Друг производ кој е незаменлив во секојдневната рутина за нега на кожата на oваа баба е серумот со витамин Ц, специјална есенција за избелување. Дерматолозите истакнуваат дека формата на витаминот Ц во овој производ помага да се поправат оштетувањата од УВ зраците, го поттикнуваат создавањето на колаген и помалку ја иритираат кожата. Витаминот Ц помага и при хиперпигментација и го изедначува тенот на кожата. Покрај тоа, г-ѓа Ето нанесува уште еден серум кој содржи транексамична киселина која го подобрува тенот. Оваа баба користи и хидратантна крема против брчки, како и подлога која содржи церамиди кои помагаат во обновување на кожната бариера. По миењето користи ноќна крема.

Не се изложува на сонце

Ли открила дека нејзината баба не излегува често надвор и дека ја штити кожата од сонцето. Од друга страна, за Business Insider, дерматологот д-р Тина Алстер изјави дека генетиката и заштитата од сонце се двата најважни фактори кои придонеле за младешкиот изглед на кожата на г-ѓа Ето.

Алстер изјавила дека секојдневната рутина за нега на кожата на оваа баба веројатно минимално придонела за нејзината кожа без брчки. Таа додала дека, на пример, ако витаминот Ц е со соодветна јачина и формулација, тој е најдобриот производ во нејзината програма.

Додатоци и протеини

Исто така, Ето 20 години секојдневно пиела протеински прав од соја и витамин Ц во прав измешани со екстракт од суви сливи. Освен тоа, таа додала дека и маслото од авокадо е исклучително заслужно за нејзиниот беспрекорен тен.

Истражувањата покажаа дека доволниот внес на протеини позитивно влијае на здравјето на кожата. Витаминот Ц помага да се заштити кожата од сонцето и е поврзан со намалување на брчките.

@yurileeeee She has literaly the most beautiful skin i’ve ever seen!! #grandma #grandmatiktok #beautifulskin #flawlessskin #skincarevideo #glassskin #skincarroutine ♬ Cartoon Eye Blinking Sound - Anna

Моќта на ферментираната храна

За корисниците на Тикток, оваа баба открила дека можеби храната што ја внесува е позаслужна за нејзината кожа отколку гелот против брчки. Таа изјавила дека има обилен појадок и дека оброците најчесто ги приготвува дома. На нејзината трпеза доминира зеленчукот и ферментираната храна, вклучувајќи ја и традиционалната јапонска кујна која вклучува ферментирана соја.

Ферментираната храна, според експертите, е поврзана со здравјето на цревата, кое пак е поврзани со здравјето на кожата. Иако сите овие фактори се важни за убава кожа, генетиката и заштитата од сонце играат најголема улога, тврдат експертите.

Извор: srecna.republika.rs

Полицајци добиле повик на гробишта- таму затекнале жена, која ги „замрзнала“ (ВИДЕО)

Гратчето Лулес, во аргентинската провинција Тукуман, го „потресе“ необичен настан кој е снимен пред неколку дена.

Полициската патрола добила дојава дека „непознато лице ноќе се шета во близина на гробиштата“, па решиле да проверат за што се работи. Видеото од интервенцијата се појави на мрежите и започна дебата за постоењето на паранормалниот свет.

Кога пристигнале на гробиштата, полицајците затекнале непозната жена со долга црна коса како бесцелно одела, облечена во „излитена“ облека.

„Таа не сакаше да комуницира со нашите полицајци. Испушташе чудни звуци и во еден момент клекна пред нив“, соопштија властите.

Жената продолжила да си зборува, а потоа почнала да вреска. Таа потоа тргнала во правец на локалниот каменолом, пишува Мендоза пост.

Медиумите објавија дека полицијата на крајот успеала да воспостави комуникација со жената која наводно рекла дека „го бара синот“.

Локалните власти остануваат цврсто затворени за информаци додека не заврши истрагата. Во исто време, локалните гробишта во Лулес се најдоа во центарот на вниманието на корисниците на социјалните мрежи.

Како што можете да замислите мислењата се поделени.

Додека некои веруваат дека се работи за дух, или некаков вид привидение, други се прашуваат од кога духовите имаат сенка и заклучуваат дека на жената ѝ е потребна медицинска или психијатриска помош.

притисни ентер