Силувањето станува воено злосторство – 113 членки на ОН потпишаа декларација

Министрите од 113 земји – членки на Генералното собрание на ОН потпишаа декларација со која се обврзуваат на нова акција за елиминирање на сексуалното насилство и судирите.

Британскиот министер за надворешни работи, Вилијам Хејг, изјавил дека со декларацијата се забранува во рамки на мировните договори да се амнестира сексуалното насилство и да се овозможи осомничените за вакви дела да бидат уапсени било каде во светот.

Документот бара усвојување на нов Меѓународен протокол 2014 година, кој би обезбедил дека собраните докази за сексуално насилство ќе бидат употребени пред судовите.

Според Хејг, оваа декларација е пресвртница во борбата против не казнување на извршителите на овие ужасни воени злосторства.
Во име на британската влада Хејг оваа иницијатива ја покрена уште во мај 2012 година, инспириран од страшните приказни за силувањата при воени конфликти, особено по војните на Балканот при распадот на Југославија.

Иницијативата сега е фокусирана на Африка, па така Хејг заедно со Анџелина Џоли која е амбасадор на ОН ја посетиле Демократска Република Конго со цел да ги поддржат тамошните активисти за борба против сексуалното насилство.

ДИК: Излезноста до 19 часот е 48,46%, најмногу во Новаци- 71,07%

Најголема излазност од 71,07 % е забележана во Новаци , а најмала во Центар Жупа со 16,19% ,соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски 

На по едно место во Липково, Могила и Делчево ќе се продолжи гласањето поради кус прекин.

Објавена долгорочната прогноза за летото: Топлиот циклус забрзано опаѓа, доаѓа ладниот

Ажурираната прогноза за летото 2024 година покажува динамичен летен атмосферски модел, под влијание на преминот од топлиот циклус Ел Нињо во студениот циклус Ла Ниња. 

Се предвидува дека низа бранови на притисок и аномалии ќе се протегаат од Северна Америка сè до Европа, пишува Severe Weather Europe.

Над северната хемисфера, следните месеци ќе бидат преоден период помеѓу Ел Нињо (топла фаза) и Ла Ниња (ладна фаза), што ќе остави свој белег на атмосферата и временските обрасци.

Еден од главните двигатели на зимските временски услови и раната пролет беше Ел Нињо. Врвовите на топли аномалии беа забележани во декември, но на почетокот на оваа година почна нагло опаѓање на температурите, а се очекува целиот регион над Екваторот да оди во негативен циклус во текот на летото.

Силен подземен ладен базен е главниот предуслов за падот на Ел Нињо. „Топлата фаза“ моментално е во распаѓање, а појавата на многу студен циклус започнува кон крајот на летото 2024 година, а ќе трае до 2025 година.

Врз основа на сите податоци од прогнозата, Severe Weather Europe известува дека Ел Нињо е во брз пад. Сепак, ваквите големи настани обично бараат подолг временски период бидејќи на атмосферата и треба одредено време за да одговори на овие океански промени.

Податоците покажуваат дека големи делови од централниот и источниот дел на Соединетите Американски Држави и јужна Канада ќе доживеат температури над нормалните, додека Европа може да очекува пониски температури.

Од Severe Weather Europe велат дека прогнозите за летото, односно за јуни, јули и август, укажуваат на област со натпросечни температури и поголема тенденција за топлотни бранови над јужниот дел на САД, па сè до северните делови. Втората област е над јужните делови на Европа каде што времето ќе биде потопло од нормалното во поголем дел од континентот.

Најсилни аномалии и тенденции на топлотни бранови има во централните и јужните делови на континентот.

Кон крајот на летото, Северна Америка ќе ги почувствува раните промени на новата Ла Ниња што се појавува, бидејќи е многу поблиску до изворниот регион во Пацификот. /МИА

притисни ентер