24 годишен скопјанец загина во сообраќајка

24 годишниот Мирослав Д. загина во судар на неговиот мерцедес со товарно возило на патот Битола - Демир Хисар.

На 16.09.2013 година, во 13,40 часот на регионалниот пат Битола-Демир Хисар на м.в. „Чагор“, се случила сообраќајна незгода помеѓу ТМВ „форд транзит“, управувано од Мирослав Д.(24) од Скопје и ТМВ „мерцедес“ управувано од И.С.(27) од Радовиш.

Во незгодата на самото место починал Мирослав, а тешко телесно бил повреден И.С. и на истиот му е укажана лекарска помош во Клинички центар Битола - соопшти МВР.
притисни ентер