Австрија: Убиени двајца полицајци и возач на брза помош

Засега непознат маж убил двајца полицајци и возач на брза помош во градот Анаберг во централна Австрија.

Убиецот, потоа, се забарикадирал на еден земјоделски имот. Специјалната полиција е на терен. Властите се уште немаат информации за идентитетот на убиецот, ниту пак за неговите мотив. Не се знае ниту дали напаѓачот има заложници на фармата. /Извор: AP/

МЗ: Пет починати и 183 нови случаи на Ковид-19

Денеска се регистрирани 183 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 17049. Оздравени се 102 пациенти– починати се 5 лица.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-51, Куманово-7, Дебар-4, Штип-1, Прилеп-15, Тетово-13, Струга-4, Велес-3, Битола-6, Охрид-5, Кавадарци-5, Гостивар-9, Гевгелија-3, Струмица-7, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Кочани-20, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-3, Виница-4, Делчево-5, Свети Николе-3, Ресен-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 102 оздравени пациенти од: Скопје-38, Куманово-12, Штип-5, Прилеп-8, Тетово-3, Струга-4, Битола-12, Кавадарци-3, Гостивар-2, Крива Паланка-2, Кочани-4, Пробиштип-3, Пехчево-1, Берово-2, Делчево-1, Кичево-2.

Починати се 5 лица, пациент од Скопје (51г), од Дебар (68г), од Крива Паланка (58г), Радовиш (71г) и пациент од Кочани (66г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17049, бројката на оздравени пациенти е 14186, на починати е 710, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2153. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6680, активни 598

• Куманово 1708, активни 188

• Дебар 280, активни 39

• Штип 1234, активни 53

• Прилеп 639, активни 127

• Тетово 1400, активни 178

• Струга 654, активни 64

• Велес 312, активни 38

• Битола 280, активни 58

• Охрид 414, активни 52

• Кавадарци 220, активни 35

• Гостивар 917, активни 107

• Гевгелија 110, активни 59 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 191, активни 122

• Крива Паланка 102, активни 29

• Радовиш 74, активни 23

• Крушево 20, активни 3

• Кочани 286, активни 117

• Пробиштип 106, активни 19

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 92, активни 13

• Пехчево 42, активни 8

• Берово 87, активни 27

• Валандово 20, активни 11

• Виница 103, активни 29

• Делчево 150, активни 80 (31 лице од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 3

• Свети Николе 319, активни 20

• Кичево 313, активни 35

• Ресен 162, активни 14

• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1769 теста се преку: ИЈЗ-603, ЦЈЗ Скопје-52, Авицена-334, Биотек-121, МАНУ -129, Жан Митрев (Филип Втори)-154, Систина со PCR метода -127, лабораторија Лаор –56, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола-45, Инфективна клиника-6, ГАК-12, Синлаб-118, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 179.404 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 73 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" примени се 8, а вкупно хоспитализирани се 32 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 158, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 67

• Гази Баба – 74

• Аеродром - 86

• Карпош – 71

• Центар – 83

• Кисела Вода – 58

• Ѓорче Петров – 38

• Бутел - 33

• Шуто Оризари – 14

• Студеничани – 11

• Сарај – 13

• Арачиново – 9

• Илинден – 16

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 4

• Петровец – 8

• Зелениково - 2

• Странец – 7

• Нераспределен-1

Одделение за односи со јавноста

Министерство за здравство

Црквата во Курбиново и манастирот во Матејче ќе се прогласат за културни добра во опасност

Министерката информираше дека соработува и со Град Скопје, поврзано со проектот „Скопје 2014“ за да се ревитализира централното градско подрачје. 

Прогласување за културно добро во опасност на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново и на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матејче, како и анализа за состојбата на спомениците на Народно-ослободителната борба (НОБ) во земјава, се приоритетите на новата министерка за култура Ирена Стефоска. На денешната прва прес-конференција министерката кажа дека заштитата на културното наследство е аманет од предците, но и едно од клучните барања што земјава треба да ги исполни за влез во европската унија.

Во интензивна комуникација сум со институциите кои што се надлежни да го направат тоа прогласување на културно добро во опасност. Законот за културно наследство има чекори, се приготвува елаборат се подготвува финансиска конструкција и така натаму. Во случајот со Курбиново првата фаза е веќе отпочната што не е мала работа, значи прогласувањето во опасност би помогнало во овој случај да продолжат следните фази.

Министерката информираше дека соработува и со Град Скопје, поврзано со проектот „Скопје 2014“ за да се ревитализира централното градско подрачје. Ќе се распишел и меѓународен конкурс за да се санираат штетите од случувањата на плоштадот и околината.

Стефоска уверува дека ќе се исполнат и обврските кон УНЕСКО, односно Охрид и Охридскиот регион, чиј статус беше на неколку пати загрозен поради дивоградбите, а проблемот е се уште постоечки.

Бочварски: Патиштата се приоритет број еден на Владата

„Градиме модерен и безбеден автопат на Коридор 10.“

Коридорот 10 мора да го издигенеме на ниво на Европски коридор, за нас ова е многу важен патен правец, многу значајна транзитна патна врска и затоа мора да воспоставиме квалитетен, модерен и безбеден автопат за да ја одржиме стратешката позиција на земјава во делот на транзитот на овој Коридор, изјави министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски.

Министерот Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта денеска извршија увид во рехабилитација со проширување на автопатот А1, делница Петровец – Катланово.

Инвестицијата е во вредност од 7,2 милиони евра, се работи на рехабилитација во вкупна должина од 10 километри во двата правци. Проектот предвидува проширување на автопатот дополнително со уште една лента, а градежните работи се очекува да се завршат за 12 месеци.

“ Од денеска со директорот на ЈП за државни патишта тргнуваме на терен со цел да направиме увид на се што се работи низ државата и да направиме максимален притисок за да ја засилиме градежната оператива на терен. Патиштата се приоритет број еден на оваа Влада, покажавме како се гради и продолжуваме со позасилена акција на терен. Веќе инвестиравме во рехабилитација на поголем дел од овој Коридор, остануваат уште неколку делници да се рехабилитаираат. Она што е многу важно е дека во следниот период ќе посветиме големо внимание на безбедноста преку замена на еластичната ограда, соообраќајната сигнализација и воведување на Интелегентен транспортен систем со кој значително ќе го подигнеме нивото на безбедност на ниво на европски стандарди”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов најави рехабилитација на нови делници од автпатот на Коридор 10.

“ Се наоѓаме на најстариот дел од автопатот којшто требало да се рехабилитира уште пред десетина години, но за жал не се направило тоа. Го информирав и министерот Бочварски дека на оваа делница Катланово-Петровец ќе се изврши рехабилитација на постоечкиот коловоз и проширување со плус уште една коловозна лента. Во моментов на овој потег има само две коловозни ленти. Проширувањето ќе биде во внатрешниот зелен појас на автопатот со што ќе се избегне дополнителна експропријација. Овој регион ќе биде едно големо градилиште бидејќи во октомври ќе се распишат тендери за рехабилитација на автопатот А4 делница Хиподром–Петровец, Миладиновци–Петровец Миладиновци–Хиподром како и рехабилитација на регионалниот пат Р1102 делница Катланово–Велес. Оваа рехабилитација е една од 6-те кои се започнати пред десетина дена, а тоа се на патните правци Маврови Анови–Жировница, Кичево–Македонски Брод, Карпалак–Желино, Узем–Тораница и Македонска Каменица–Саса,” изјави директорт на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.

Тој потенцираше дека во наредната година предвидено е изградба и рехабилитација на 300 километри патна мрежа.

Со почит

Министерство за транспорт и врски

притисни ентер