Пронајдени децата кои брутално го претепаа наставникот од Нови Сад

се работи з агрупа од 8 деца кај кои с епронајдени украдените предмети од претепаниот наставник по математика Иван Јанеш.

Тој не им предавал на децата кои го нападнаа, а во нивното откривање помогнале нивни врсници.

- Ми олесна - вели наставникот кој во моментов е невработен.

- Се надевам дека овој случај бргу ќе биде приведен кон крај и дека ова ќе биде почеток на посериозна борба против насилството - изјавил Јанеш.

Против четворица од групата меѓу кои има и основци, полицијата ќе поднесе кривични пријави. Наводно тие извршиле 11 разбојништва и 28 тешки кражби на подрачјето на Нови Сад.

Полицијата ги сослушала малолетниците и утврдила поединечна одговорност како и кој го организирал нападот. Наводно децата кои учат во различни училишта но живеат во исто маало, го нападнале наставникот затоа што мислеле дека е хомосексуалец! / извор: Блиц

притисни ентер