Трагедија во Битола: Мајка починала на погребот на својот син

79 годишната Живка не можела да ја издржи реалноста дека незиниот 48 годишен син Кире починал во Скопје, каде отишол на операција на тумор во главата.

Во првиот момент мајката одвај ја преживеала веста дека синот, кој со голема надеж го испратила на операција, не преживеал. Следниот ден на погребот на Кире таа паднала и повеќе не станала - пишува Нова Македонија.

„Седна на еден од столовите, а вкочанетиот поглед постојано ѝ беше упатен кон мртвото тело на нејзиниот син. Во еден момент нешто како да ја стегна во градите. Без глас и врисок падна покрај мртвото тело на својот син.

Веднаш притрчаа нејзините најблиски, искусната лекарка од Клиничката болница, која ѝ беше прва сосетка. Почнаа да ја освестуваат, но таа не даваше знаци на живот. Во капелата настана невидена паника. Во тој момент сите за миг заборавија на мртвото тело на Кире и притрчаа да ѝ помогнат на Живка“ пишува весникот.

Со брза помош таа била пренесена во болница но таму била констатирана смрт. Следниот ден Живка била погребана покрај својот син.
притисни ентер