Фото: Елизабет Каналис во нова модна кампања за долна облека

Италијанската убавица Елизабет Каналис позната во јавноста како поранешната девојка на холивудскиот заводник Џорџ Клуни се појави во новата кампања за долна облека.
Италијанскиот супермодел изгледа прекрасно во моделите од Лормар Лингери , со што како да сака да му покаже на своето славно момче што загубил.

Инаку, иако од крајот на врската со холивудската ѕвезда се минати две години убавата Каналис и понатаму е меѓу најбараните модели во светот на модата.

Почнува Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice"

На лизгалиштето во спортскиот центар „Борис Трајковски" денеска и утре ќе се одржува четвртиот Меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice".

Свеченото отворање е закажано за денеска во 19:15 часот со музички настап на Кристина Арнаудова и презентација на вештините на мраз на најмладите учесници на натпреварот.

Натпреварувачкиот дел стартува во 19:30 часот и тоа во категориите интерпретации А, Б и Ц (рекреативни категории), како и најмалата спортска категорија кадети Ц. Утре, настапите почнуваат во 07:30 часот, а од 10 часот ќе настапат учесниците од земјава и од странство кои ќе се натпреваруваат во меѓународно признатите категории – младинци, јуниори и сениори.

Организатор на „Skopje on Ice" е Федерацијата за лизгачки спортови. Влезот е слободен. /МИА

Тинејџерка го пропатувала половина свет за да го испие првото пиво во пабот каде што се родила

Изобел Кејси, тинејџерка од Велика Британија, пропатувала 7.500 километри за да го испие своето прво пиво во пабот каде неочекувано се родила пред 18 години.

Нејзината мајка, Никол, се породила во пабот Хартфорд Мил во Витон на 14 февруари 2002 година. Семејството се преселило во Ванкувер во 2006 година, но тинејџерката се врати за да го прослави полнолетсвотот во пабот каде што се родила.

Мајката Никол, која била медицинска сестра во блиската болница Папворт, имала силни контракции додека пиела кафе во пабот со пријателите.

Кога пристигнал сопругот Нил, се јавил во болницата, но се вратил во пабот , каде што се родила Изобел, па тогаш решиле дека нивната ќерка ќе го испие своето прво пиво во тој англиски паб.

„Верувате на англиски и европски начини на едукација на младите луѓе во врска со пиењето. Тоа е како пиво кое е различно од лесно газираното канадско пиво “, рече Нил, кој самиот бил научник на Клиниката во Папворт.

Младата Изобел, која се надева дека ќе се запише на програма за биологија во Велика Британија следната година, вели дека е многу возбудена што се вратила на местото каде што се родила.

Австралијанец влегол дома и видел три метри долг питон како му ја демне мачката (ВИДЕО)

Австралијанец од Бризбејн се изненадил кога пристигнал дома и си ја видел мачката ,нападната од три метри долг питон.

Тој и викнал на мачката да влезе внатре и ја тресна лизгачката врата, а змијата дошла до прозорецот и останала таму 30 минути обидувајќи се да влезе внатре.

„Австралија“, коментираше еден корисник на YouTube за снимката. „Многу ми е мило што мачето е внатре и безбедно“, „Мразам змии“, „Дај ми го мачето“, се некои од реакциите под снимката што се појави на Вирал Хог.

притисни ентер