Социјалните работници на терен ќе помагаат за полесно остварување на социјалните права

Секоја среда во периодот од септември до ноември годинава стручни тимови од центрите за социјална работа ќе посетуваат населени места во руралните средини за да детектираат, превенираат и спречат настанување социјални ризици и на граѓаните да им помогнат полесно да ги остварат своите права во областа на социјалната заштита.

- Проектот „Отворени денови за социјална заштита“ нуди унапредување на пристапот кон правата и услугите од социјалната заштита за жителите од руралните населени места и значително ќе го приближи системот на социјална заштита до оние на коишто им е најпотребна. На средбите со граѓаните во местото на живеење стручни тимови од центрите за социјална работа ќе ги појаснуваат условите, начинот и постапката за остварување на права од социјална заштита, но и ќе им помогнат на граѓаните да ја добијат, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов презентирајќи го проектот.

Министерството за труд и социјална политика има изготвено програма согласно која секоја среда тимовите од центрите за социјална работа ќе излегуваат на терен и ќе посетуваат голем број населени места. Триесетте центри за социјална заштита имаат обврска на граѓаните да им дадат стручна помош во решавањето на социјалните проблеми со кои се соочуваат.

- Наша тенденција е да бидат опфатени што повеќе рурални средини односно според планот што го имаме тимовите да посетат над 600 населени места, како и да се информираат што поголем број жители, да се препознаат социјалните проблеми со кои се соочуваат, како и начините за нивно решавање, рече министерот за труд и социјална политика.

Овој проект, додаде Спасов, ќе овозможи превземање мерки и активности на социјална превенција во насока на спречување на социјални ризици, рано откривање и ран третман на граѓанинот изложен на социјален ризик, а со цел, како што рече, надминување и ублажување на штетните последици од изложеноста на социјален ризик, како и воспоставување координирана соработка меѓу општините и центрите за социјална работа во поглед на поголема достапност на системот на социјална заштита.

- Ќе се води и унифицирана евиденција при што ќе се евидентираат и потребите на граѓаните кои се во тешка положба преку која ќе се следат сите случаи на централно ниво и ќе се контролира решавањето на проблемите и предметите на центрите на социјална работа, истакна Спасов.

Проектот треба да овозможи поблизок пристап во работата на центрите за социјална работа така што овие услуги ќе ги обезбеди во местото на живеење на граѓаните односно доколку некои граѓани поради недостиг на финансиски средства или други причини неможат да дојдат во центрите за социјална работа стручните тимови ќе дојдат кај нив и ќе го дадат својот максимум да им помогнат во рамките на законските надлежности.

- Наша заложба е институциите да бидат поблиску до граѓаните и секому кому му е потребна грижа и заштита од државата да ја почуствува. Со овој проект се вклучуваме во градењето поблиски односи меѓу граѓанинот, нашето министерство и центрите за социјална работа.

Според податоците на МТСП во Македонија околу 35 илјади семејства се корисници на социјална парична помош.

Раскинала со момчето водоинсталатер, па утрото ја дочекала шокантна глетка

На социјалните мрежи повторно се шири приказна на една девојка за бизарната одмазда на нејзиното поранешно момче, водоинсталатер.

Неименувана девојка на Редит сподели како раскинала со своето момче затоа што бил скржав и не оставал бакшиш за келнерите.

Откако раскинала со него, таа отишла во спалната соба за тој да се спакува на мир и заспала. Следното утро открила дека тој ѝ се одмаздил со тоа што ѝ ја украл тоалетната школка.

"Ми ја украде тоалетната школка! Тој е лиценциран водоводџија и знаеше што прави. Нема да лажам, и јас се смеев подоцна. Раскинувањата може да бидат интересни", напишала таа.

I split up with my boyfriend yesterday. I fell asleep while he was packing and he stole my toilet.
byu/shelblikadoo inWTF

Инаку, неговиот потег тогаш и не ѝ бил толку смешен бидејќи морала да трча во блискиот ресторан секогаш кога требало да оди во тоалет,објави Индекс.

"Ова е урнебесно. Жал ми е за раскинувањето и губењето на тоалетот, но морам да се смеам. Го отстранил многу педантно", е еден од коментарите.

Лазар Ристовски (71) ужива на Малдивите со 39 години помладата девојка (ФОТО)

Српскиот актер Лазар Ристовски (71) и неговата 39 години помлада партнерка Аница Лазиќ уживаат на Малдиви.

Аница на Инстаграм објави нивна заедничка фотографија.

„Кога води, не прашувам каде“, напишала 32-годишната актерка во описот на фотографијата на која двојката позира во море.

За потсетување, парот ја потврди врската кон крајот на 2023 година. "Точно е, уживаме во нашата љубов. Не би коментирал ништо повеќе, разберете. Се запознавме по разводот, тоа нема никаква врска со мојот поранешен брак и развод", изјавил тогаш актерот за српските медиуми. Двојката глумеше заедно во филмот Dream Team и во серијата Попадија.

Пред врската со Аница, Лазар беше 42 години во брак со сопругата Даница.

Сериозна е состојбата со морбили во Италија- загрижува состојбата во Џенова

Според професорот Матео Басети, доктор и раководител за заразни болести во поликлиниката Сан Мартино во Џенова, бројот на случаи на сипаници кај возрасните исто така прогресивно се зголемува, како што е случајот со децата.

„Во Џенова за 7 дена се појавија 5 случаи кај невакцинирани лица, а сипаниците може да имаат сериозни компликации. Можеме да очекуваме епидемија во наредните месеци“, вели професорот Басети.

Пациентите се на возраст од 15 до 40 години.

„Тоа се луѓе кои не биле вакцинирани или кои не биле заразени како деца. Целната возраст нè наведува да мислиме дека тоа се сите граѓани кои не живееле ниту еден момент во седумдесетите години на минатиот век, сипаниците биле ендемични. Родителите решиле да не да ги вакцинираат и денес би можеле да се соочат со нова епидемија. Наместо тоа, важно е да се вратиме на разговор со населението за важноста на оваа вакцина за да се избегнат компликациите што сипаниците можат да предизвикаат во староста“, објасни професорот.

На прашањето дали Италија треба да се грижи за овие бројки, професорот рече дека засега нема потреба да се вознемирува, но дека е важно да се знае дека во иднина ќе биде тешко да се ограничи појавата на сипаници доколку нешто не се направи.

„Ние лекарите доживеавме раст во периодот од 2008 до 2009 година и во тоа време имаше 114 заболени од морбили, од кои некои поминаа со тешки компликации. 26% од овие пациенти беа тешки случаи, што е загрижувачка бројка бидејќи по 15 години повторно бележиме зголемување на случаите.Досега во Џенова сме имале 5,од кои 3 се лекувале во Сан Мартин.Ова не е пријатна болест во староста.Засега не треба да се вознемируваме, но важно е да се знае дека тоа би било тешко е да се ограничи појавата на сипаници и доволно е да се грижиме“, додаде тој.

Пред сè, пневмонија, која кај возрасните може да доведе до енцефалитис и менингитис, многу сериозни системски компликации кои вклучуваат неколку внатрешни органи.

„Тоа е сè освен тивка болест во зрелата возраст. Најсериозните компликации кај децата се многу ретки, кај возрасните е токму спротивното и болеста може да доведе до епизода на фебрилни конвулзии, па дури и до ниски тромбоцити“, заклучи докторот и апелираше до сите граѓани да се вакцинираат.

притисни ентер