Нападната македонската амбасада во Приштина - зошто е лиферувана лажната вест

Оваа вест ја пренесоа речиси сите медиуми во Македонија, Косово и Србија, а неколку часа подоцна ја демантираа македонското министерство за надворешни работи и косовската полиција.

Во време кога на границата со Косово се води трговска војна, оваа вест одекна како бомба.

Според информациите објавени во косовските медиуми наводно околу полноќ бил фрлен молотов коктел врз македонската амбасада во Приштина, а осомничени за нападот се три лица кои биле во бела Тојота.

Приштински Бота сот веста ја објави околу седум часот утринава, повикувајќи се на полициски извори. Од косовската полиција пак велат дека веста е дезинформација на некои косовски медиуми и демантираат дека се случил напад врз амбасадата.

Соопштение испрати и македонското МНР во кое негира дека се случил инцидент.

Приштинските медиуми не само што објавија дека се случил инцидент, туку дека амбасадата е под полициска заштита, а нападот го осудиле министерствата за надворешни работи на Македонија и Косово, како и косовската претседателка Јахјага.

Кој ја лиферувал оваа лажна вест и која е заднината, може само да се нагаѓа.

Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда преговори за примирје во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда разговори во Катар и Египет, чија цел е да се постигне примирје во Газа, соопшти денеска израелската Влада.

„Бенјамин Нетанјаху се сретна со директорот на Мосад (надворешното разузнавање на Израел) и директорот на Шин Бет (внатрешно разузнавање) и одобри продолжување на новата рунда разговори во наредните денови во Доха и Каиро“, се вели во владиното соопштение.

Уапсен е полицаец кој споделувал информации од истрагата за исчезнатата Данка (2)

Полицаец од полициската управа во Бор е уапсен поради давање информации за исчезнатата Данка Илиќ (2), соопштија за „Телеграф.рс“.

Не се знае кому дал информации од истрагата.

Тој не го поминал полиграфот.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа.

Данка Илиќ исчезнала на 26 март годинава, а нејзината мајка го пријавила исчезнувањето во 13 часот и 45 минути.

Данка се уште не е пронајдена, а МУП бара да не се шират лажни информации.

Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, се уште е во полиција во Бор, објави Телеграф.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

Азески со порака до сите политички партии – позициите на комората се јасни.

Продолжуваат партиските консултации со бизнис заедницата во земјава за нивните предизборни програми, по ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ, и лидерот на Социјал демократите, Димитар Ковечвски оствари средбaсо првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески.

Нови мерки и политики, повисока минимална и просечна плата, економски раст, повеќе инвестиции, отворање нови работни места, унапредување на севкупните економски односи во државата – се само дел од мерките зацртани во програмата на СДСМ кои денеска беа презентирани и пред бизнисот.

Азески со порака до сите политички партии – позициите на комората се јасни.

Дополнително Азески се осврна и на законот за забрана на нефертрговски практики и листата на производи кои треба од есен да поевтинат. Според претседателот на Комората листа не треба да има, но вели нема да ја кочат примената на новото законско решение.

Изминативе денови претставници на политичките партии остварија повеќе работни средби со коморите во земјава, а очекувањата на бизнисот се дека тие ќе продолжат и во иднина, со цел да се чуе и нивниот став.

притисни ентер