Почина Вангел Деребан, мајсторот за филигран, еден од најпознатите охридски кујунџии

На 93-годишна возраст во Охрид денеска почина Вангел Деребан, еден од најпознатите македонски кујунџии.
Господинот Вангел Деребан е роден во 1920 година во Струга од каде ја продолжува неколкувековната фамилијарна кујунџиска традиција и го развива охридското филигранство.

За Вангел Деребан се презентирани информации и репортажи од многу домашни и странски новинари и публицисти. Тој е многу често застапуван во проспектите и други публикации за промоција на Охрид и Македонија. Добитник е и на престижната Св. Климентова награда во Охрид.

Милчо Манчевски ги снимаше неговите раце во еден од спотовите за македонската традиција и вредности.

Беше добар човек и голем мајстор на својот занает, ја задолжи Македонија со својата беспоштедна и вредна работа на автентичниот македонски накит кој го создаваше со голема жар до пред само неколку години.

Сите што имале чест да го запознаат Вангел Деребан се побогати луѓе. Почитуван голем човеку , почивај во мир!


Стоилковски: Ќе реагира ли ЈО за аферата Големото око или се ќе заврши како аферата со прислушување на обвинителите

Првиот круг на претседателските избори помина без никој да го види Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески да изусти било што за апликацијата на СДСМ, рече Наум Стоилковски ,портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески да изусти било што за апликацијата на СДСМ, за паѓањето на серверите, за менувањето на компјутерската опрема во СДСМ преку која постои шанса преку мобилна апликација да биле или да бидат собирани лични податоци на граѓани. Сомнежот е уште поголем со тоа што по првото јавно изнесен сомнеж, беше срушена и апликацијата и срушен серверот на СДСМ, наводната обнова на апликацијата, со шанса за менување или бришење на серверите на кои што се барало внесување на матични броеви и други податоци од граѓани.

Ќе има ли ЈО било каква реакција, кој ја креирал апликацијата? Колку лични податоци се прибрани? За што служеле, биле ли употребени, злоупотребени податоците? Кој и за што тогаш злоупотребувал? Кој ја тргал апликацијата, дали се истите сервери, дали се бришени податоци, дали се избришани трагите на извршителот?

Почитувани, ќе реагира ли ЈО за аферата Големото око или се ќе заврши како аферата со прислушување на обвинителите, а документите и доказите ќе завршат како Кривичните пријави за Поткуп среде кампања од референдумската кампања и низата други кои што ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе до обвинителството на Љубомир Јовески?

Нема информација ниту од МВР, каде, како и кој ги има покрај гласните укажувања не се постапи итно, односно се остави време за да се занемари сета афера.

Уште пострашно е што РЈО има должност, обвинителот има должност и е обврзан е сам да почне да дејствува дотолку повеќе што се работи за криминогени дејства за настани од вонредно значење, како што се избори! Но за жал и повторно Јовески и неговиот тим го ставаат Заев и СДСМ над законот. Ваквото однесување е показател за селективност во правото и правдата во Република Македонија. Ова е показател за свесно непостапување, односно злоупотреба на службена положба и овластување.

Почитувани, правото и правдата се на дофат, граѓаните јасно порачаа дека на Македонија и е потребна право и правда и таа ќе победи на овие претседателски избори!

СДСМ: Политички земјотреси во земјава правеше Груевски, тоа е речникот и матрицата на Сиљановска

Политички земјотреси во земјава правеше Груевски, тоа е речникот и матрицата на Сиљановска, граѓаните нема да дозволат враќање на режимот, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Криминал, корупција, неправда, непочитување на основните човекови права и слободи, монтирани судски пресуди, затворање медиуми, прислушувања, насилства врз студенти, пратеници, обиди за убиства, изолација, аболиција за криминал…. тоа беа земјотресите на Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов кои 11 години на штета на граѓаните и државата.

Тоа е речникот, тоа е матрицата и на Горданa Сиљановска. Таа е кандидатката на Мицкоски и Груевски.

Гласот за Сиљановска е глас за враќање на режимот на Никола Груевски и неговите земјотреси, криминалот, корупцијата, неправдата, злоупотребите.

Граѓаните не сакаат нов Иванов ниту нов Груевски. Доказ за тоа е фактот што Гордана Силјановска има 130.000 гласови помалку од гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг на изборите во 2014 година.

Бидејќи тоа, според логиката на Сиљановска, е целосен колапс на легитимитетот на Мицкоски очекуваме тоа и јавно да му го соопшти.

Останува фактот дека Пендаровски победи во првиот круг а Сиљановска загуби. Предноста на Пендаровски потврдува дека во вториот круг е сигурен победник.

Граѓаните не сакаат враќање назад, деструкција, политички земјотреси кои ги застапува Сиљановска. Граѓаните сакаат напредок, сигурна иднина, членство во НАТО и ЕУ и уште посилно ќе го поддржат концептот на Стево Пендаровски. Заедно Напред.

Почна асфалтирањето на улиците зад „Монопол" во Куманово

Почна  асфалтирање на улиците „Србо Томовиќ", „Страшко Арсов" и „4 Јули" кај Монополот во Куманово. 

За асфалтирањето на улиците кое го спроведува кумановската компанија „Кооп Инжинеринг", од општинскиот буџет одвоени се 9,23 милиони денари, информираат од Секторот за комунални дејности.

-Денеска, се асфалтираат 1.000 квадратни метри на две од трите улици. Продолжуваме и наредните денови, изјави помошник-раководителот на Секторот, Момчило Јовановски.

Пртеходно, додадена улиците беа поставени тротоари со бехатон.

Во ноември минатата година заврши реконструкцијата на водоводната мрежа на овие улици во должина од 460 метри и беа заменети азбестните цевки, за што Куманово од буџетот одвои 1,645 милиони денари. Обновата на водоводната мрежа беше изврешна по четири децении, а претходно на овие улици беше реконстуирана и фекалната канализација./МИА

притисни ентер