Премиерот Груевски се сретна со претседателот на Сенатот на Канада, Кинсела

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска се сретна со Ноел Кинсела, претседател на Сенатот на Канада.

На средбата, соопшти владината прес-служба, беа истакнати одличните односи кои постојат меѓу двете пријателски земји, и беше изразена посветеност за нивно континуирано развивање и унапредување.

Соговорниците разговарале за можностите за продлабочување на економските односи, зголемувањето на економската соработка и трговската размена и соработката на полето на инвестициите, за што има поволни услови и законска регулатива. Двете страни изразиле интерес за унапредување на договорната правна рамка меѓу двете држави за што особено позитивно би влијаело потпишувањето на Спогодбата за заемна заштита на инвестициите и Спогодба за одбегнување на двојно оданочување, како и Спогодбата за воздушен сообраќај.

Премиерот Груевски изразил благодарност до Кинсела за поддршката на македонските евроатлански интеграции и принципиелните позиции на Канада во однос на реализација на нашите стратешки определби и го истакнал долгорочниот интерес на Република Македонија за севкупно интензивирање на политичкиот дијалог, како и натамошна блиска соработка со Канада, во сите полиња од заемен интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план.

Премиерот искажал иницијатива за разгледување на можностите за либерализација на канадскиот визен режим кон Република Македонија, и за олеснување на процедурите за добивање визи за нашите граѓани за што од битно значење е отворањето на канцеларија на Канада во нашата земја каде што граѓаните ќе можат да аплицираат за канадска виза.

Претседателот на македонската Влада го запознал својот гостин со реформите и со нашите активности за европска и евроатланска интеграција и напорите кои што ги преземаме за надминување на отвореното прашање со Грција, а исто така го запознал гостинот за придонесот на нашата држава во мировните операции на НАТО.

Претседателот на канадскиот Сенат Кинсела ја истакнал канадската поддршка на нашата земја и заинтересираноста за унапредување на соработката во областа на образованието и мобилноста на младите да можат да патуваат во Канада каде што би се стекнале со работно искуство. Тој искажал позитивна оценка од напредокот на Република Македонија во реформите.

Соговорниците ја поздравиле и успешната парламентарна соработка меѓу двете земји, како и формирањето на парламентарна група за пријателство со Македонија во канадскиот Парламент и изразиле посветеност за понатамошно унапредување на меѓусебната соработка во сите сфери од заеднички интерес.

МОН: Наставата од деновите на гласање ќе се надомести во работни денови

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.

Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците.

Потсетуваме дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни и потребно е да го зачуваме најдобриот интерес на учениците, а тоа подразбира тие во целост и квалитетно да ја совладаат предвидената наставна материја.

Министерство за образование и наука

Четворица млади Германци се уапсени, додека полагале бели рози во куќата на Хитлер

Четворица Германци биле фатени како положуваат бели рози во куќата во која е роден нацистичкиот лидер Адолф Хитлер во западна Австрија на неговиот роденденот, а една жена меѓу нив го извела нацистичкиот поздрав додека се фотографирала.

Полицијата во провинцијата Горна Австрија соопштила дека четворица Германци, две сестри и нивните партнери, на возраст од 20-ти и раните 30-ти, отишле во зградата во саботата за да положат бели рози во прозорците, објави Политико.

Тие се фотографирале пред куќата, а една од жените го извела нацистичкиот поздрав. Патролните службеници ја забележале групата и ги однеле во полициска станица на распит.

Жената рекла дека не била сериозна во врска со поздравот, но полицајците изјавиле дека нашле разговор со други на нејзиниот мобилен телефон, во кој споделувале пораки и слики со нацистички теми.

Полицијата соопшти дека ќе ги пријави сите четворица пред обвинителството поради сомневање дека го прекршиле австрискиот закон за забрана на нацистички симболи.

Хитлер е роден на 20 април 1889 година во Браунау ам Ин.

По долги расправии за иднината на куќата во која е роден, минатата година почна да се работи за нејзино претворање во полициска станица, што требало да ги одврати оние кои го величаат Хитлер и имаат намера да ја посетат.

Венеција почнува да наплаќа влезници за еднодневните посети

Од четврток, Вeнеција ќе почне да им наплаќа влез во градот на еднодневните патници, што е прв ваков случај во светот. 

Градското собрание на Венеција, минатата година соопшти дека ќе почне примена на целосно нова такса од пет евра за туристите кои доаѓаат на посета само за еден ден. Давачката, чија имплементација се одложува неколкупати, ги таргетира само туристите кои влегуваат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот по локално време, соопштија градските власти, појаснувајќи дека целта е да се подобри квалитетот на животот во градот. Потенцијалните казни за непочитување се од 50 до 300 евра. За деца до 14-годишна возраст нема да се плаќа таква такса.

притисни ентер