Судењето за Монструм ќе почне од почеток?

Судењето за Монструм најверојатно ќе почне од почеток - ова го очекуваат и адвокатите откако пред 10тина дена беше уапсен Сами Љута, уште еден осомничен за поврзаност со петкратното убиство кај Смиљковското езеро.

Неговиот адвокат тврди дека Љута никако не е инволвиран со Монструм.

Роднините на убиените момчиња велат дека не се информирани за целата постапката и имаат впечаток дека сето ова уште многу ќе се должи.

Денешното рочиште мина со еден сведок, мајката на обвинетиот Сејди Рами.

Но главна тема која одекна во судница беше дали Фејзи Азири имал мобилен телефон во затворот во Битола.

Откако судијата го опомена дека при претрес во затворот во неговата келија бил пронајден мобилен телефон Азири негираше дека телефонот бил негов потсетувајќи дека имал и цимер.

Но и тој возврати со забелешки на сметка на затворот. Се пожали дека затворските надзорници се однесувале некоректно и при спроведување од притворот во Битола до скопскиот суд му ги држеле рацете одзади престегнати во лисиците

- Денеска во полициското возило ме седнаа позади на подот иако столчето беше празно. Тоа е нехумано и нечовечки. Можеби на некој нареден претрес ќе не врзат за возилото и ќе не влечат. Патуваме по 200 км и многу е незгодно, рече обвинетиот Азири во судница.

Судијата рече дека ќе разговара за ова со директорот на затворот.

Адвокатите се пожалија дека судот не им дозволил да ја видат опел омегата, автомобил во кој беше пронајдена ДНК од еден од обвинетите

(21.05 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 61% : Силјановска 246977 , Пендаровски 115722гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 60 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со преку 130.000 гласови пред Пендаровски

ДИК : Силјановска Давкова со 37,07% , Пендаровски 18,29 % од гласовите

Според податоците на Државната изборна комисија , на 50,24 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 37,07%

На второ место е Стево Пендаровски со 18,29 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 16,33 % , Максим Димитриевски 7,87% , Арбен Таравари 12,07 % , Билјана Ванковска 4,38 % и Стевчо Јакимовски 0,97%.

притисни ентер