Карлеуша рафално кон Сека: Дебела, зла, исфрустрирана сељанко!

Лути твитови фрчат межу Сека Алексиќ и Јелена Карлеуша. Сека по еден концерт напиша дека размислува да не става фотки од полни концерти, Јелена се препозна и распали!

Foto: Twitter/@karleusastar

Но ова не е се, Карлеуша потоа и се закани на Сека што ќе ја снајде ако уште еднаш ја закачи!

Jelena Karleuša, Tviter

Алексиќ одговори многу помирно.





Foto: Twitter/@poslednjilet


Војната сигурно ќе продолжи.

/извор: телеграф.рс




Стојаноска од Тетово: Намалување на правните бариери, институциите ќе работат во полза на приватните стопанственици

Носителката на листата од ИЕ 6 на  ВМРО – ДПМНЕ, Дафина Стојаноска попладнево заедно со заменичката министерка за финансии Гордана Димитриевска – Кочовска одржа средба со приватни стопанственици од Тетово и тетовско.

-Сите тие се пожалија на економските политики изминативе три години водени од страна на Владата на СДСМ. Затоа ние како ВМРО ДПМНЕ кои што ќе ја предводиме идната Влада на Република Македонија во нашата програма „Обнова" се обврзуваме дека ќе ги намалиме правните бариери при регистрирање на приватни фирми, дека ќе укинеме голем дел од пара и квази фискалните давачки дека ќе ги зголемиме капацитетите на инспекцискиот надзор се со цел да се намали сивата економија и корупцијата. Едноставно дека институциите ќе работат во полза на приватните стопанственици. Исто така ќе го споменам воведувањето на рамниот данок од осум проценти како и данокот од нула проценти за млади до возраст од 29 години. Со ова ВМРО – ДПМНЕ се обврзува дека ќе исправи економијата во Македонија дека ќе ги исправи приватните стопанственици и секако дека ќе ја исправи Македонија, рече Стојаноска.

Таа заедно со кандидатите за пратеници од тетовско во текот на денот остварија средби со жителите на селата Вратница, Старо село и Рогачево. /МИА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на 640 милиони субвенции и загарантиран откуп за земјоделците и 4 милијарди домашни и странски инвестиции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Петровец , се наведува во партиското соопштение. 

Тој истакна дека Македонија во моментов е окупирана од целосно неспособна и криминална власт предводена од аболицирани политичари до гуша вплеткани во криминални афери и политички криминал

Мицкоски истакна дека на овие избори граѓаните имаат еден избор бидејќи на една страна се наоѓаат неправда, криминал и понижувања предводени од политичари од транзицијата на СДСМ и Зоран Заев, а од друга страна се наоѓа правна држава со чесни политичари од ВМРО-ДПМНЕ чија главна водилка во работата ќе бидат честа и достоинството.

- Ветуваа буквално се, се сеќавате дека велеа ќе донесат живот во Македонија и едно општество за сите, ама излезе едно општество за едно семејство, некако само тоа семејство да живее се поубаво пораскошно и подобро а сите други живеат во беда разочарани да ја напуштаат државата, изјави Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека наместо правда и реформи во правосудството СДСМ донесе „трас трас“ судски одлуки кога требаше да се тргува со честа и достоинството и на брутален го сменија Уставот, носеа закони по мерка на Заев, како и ослободителни пресуди за Поткуп каде што гледавме еден политичар како бараше евро за бате, евро за нешто друго.

- Кога станува збор за обвинителството тука ја проширија и ја надградија работата, донесоа уште поголем срам со куфер Луј Витон и неколку стотици илјади банкноти во евра. Таква реформа донесоа во обвинителството, го трансформираа во Луј Витон обвинителство, а во судството донесоа „трас трас“ реформи кои ним им донесоа слобода, а за граѓаните донесоа репресија страв и криминал, изјави Мицкоски

Тој посочи дека СДСМ наместо мир донесоа немир во душите на нашите сограѓани, сите се сеќаваат како СДСМ и Заев ги злоупотребуваа случаите на Младенов, Нешковски и да ја ветуваат вистината за да потоа се прават дека не го кажале тоа.

Мицкоски истакна дека тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе го промени, ќе донесе вистински реформи во судството и обвинителството бидејќи правната држава е најважна за да може вистински да започне обновата на државата, обнова која ќе има над 1000 проекти со кои ќе се подобри животот на секој еден граѓанин во Македонија.

- Се обврзуваме на минимум 25% поголема просечна плата во рок од еден мандат, минимум 20% поголеми пензии за пензионерите и враќање на стариот закон кога 2 пати годишно растеа пензиите, најнизок данок во Европа од 8%, невработеност под 10%, за младите оние кои ќе вработат човек до 29 години 0% данок, за угостителите и хотелиерите кои се погодени од кризата ќе се намали ДДВ од 18 на 10% до крајот на 2021 година, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се обврза и за студентите ослободување од партиципација во учебната 2020/2021, а нашите иселеници кои сакаат да инвестираат да тие инвестиции ги донесат и бидат безбедни и сигурни.

- Минимум 4 милијарди евра домашни, но и странски инвестиции, реформи во здравството каде што тоа ќе биде ориентирано кон пациентот, ќе најдете минимум 640 милиони евра за земјоделците субвенции, загарантиран откуп и пласман на производот, за да не ги фрлаат производите по реките и патиштата како што тоа го правеа досега, изјави Мицкоски.

На крај Мицкоски нагласи дека за сето ова да може да се случи потребно е да се излезе масовно на 15 јули и да се гласа за број 14 и да се поддржи Игор Јанушев кој ја предводи листата на ВМРО-ДПМНЕ, за да може уште веднаш да започне Обновата на Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

er="0" allowTransparency="true" allowFullScreen="true">

Меркел јавно им се заблагодари на постарите граѓани за одговорното однесување за време на карантинот

Во својата редовна видео-порака во сабота, германската канцеларка им се заблагодари на постарите германски граѓани за нивниот став и разбирање за време на пандемијата на коронавирус.

„Сакам им да се обратам особено на групата граѓани кои сметаат дека е многу тешко и многумина сè уште живеат со многу ограничувања: нашите постари сограѓани“, рече Ангела Меркел во својата редовна видео-порака.

Меркел изјави дека е свесна дека нивните веќе тешки секојдневни животи се уште потешки за време на пандемијата.

„Вашето веќе осамено секојдневие стана уште поосамено. Најболното нешто за сите беше секако да не ги видите децата и внуците со недели и да не бидете во можност да ги прегрнете“, рече Меркел.

Таа рече дека постарите, и покрај ограничувањата, не реагирале со лутина, но „честопати со разбирање за нивната политика“ што наметнало ограничувања во контактите.

Меркел, исто така, се заблагодари на персоналот на болниците и старечките домови кои ги „искористија сите расположиви можности“ да најдат хумано решение во време на криза.

притисни ентер