Шон Конери бил ненаситен во кревет

Сопругата на шкотскиот актер откри дека нејзиниот сопруг ја завел за помалку од 24 часа по првата средба. Ја пречекал гол во нејзината соба и, како што вели таа, ја бакнал како гладно животно.

Сликарката Мишел Конери (84) ги пофали љубовничките вештини на својот, една година помладиот сопруг Шон Конери. Французинката откри дека шкотскиот актер не е скржав во сексот.

Тие се во брак 38 години, се сретнале во 1972 година, во Мароко во голф-клуб. Конери, тогаш се уште бил во брак со австралиската актерка Дајан Киленто.

“Тој ме сретна гол во мојата соба. Јас го соблеков мојот ремен и почнав да го удирам нежно. Тогаш тој ме бакна како гладно животно. Јас никогаш не сум почувствувала таква енергија“, рече Мишелин за француското списание Гала.

Следниот ден на теренот за голф се преправале дека не се знаат, но четири ноќи по ред таа доаѓала во неговата соба. Таа заклучи дека од физичката страст се родила љубов која продолжува да трае до денес.

Во Загреб се одржа првиот Прајд на велосипеди (ВИДЕО)

Иницијативата „Горд Загреб“ го организираше првиот загрепски  „ Pride Ride “ во центарот на градот .

„Организираме возење за да покажеме како сè уште постоиме, како улиците на овој разурнат град сè уште ни припаѓаат и дека сме тука за да го украсиме градот во кој живееме, создаваме и сакаме со нашите шарени гласови, смеа и постоење“, велат од организацијата.

Инаку, најголемиот настан ЛГБТИК + во Хрватска, Загреб Прајд требало да се одржи по 19-ти пат ова лето, но заради епидемиолошките услови е одложен за септември.

Ахмедовски: Во претстојниот мандат ќе сработиме уште повеќе и уште подобро во интерес на заедницата

Сивата ромска политичка зона да стане бела и ромската заедница достоинствено да учествува во креирањето економски развој и иднина на младите. 

Ова од Делчево денеска го порача претседателот на партијата за демократски просперитет на Ромите, Аксел Ахмедовски кој потенцираше дека партијата се одлучила за коалиција на претстојните избори рече дека само на тој начин ќе се обезбеди еднаквост за сите.

-На тој начин ќе се обезбеди и толеранција искоренување на дискриминацијата и сиромаштијата преку креирање на заеднички јавни политики со активна вклученост на вистински претставници на ромската заедница во институциите на системот. Ако ме прашате зошто коалиција со СДСМ, затоа што сметаме дека на тој начин ќе биде обезбедена поголема социјална сигурност, рече Ахмедовски.

За време на неговот учество во Владата, како што додаде, гарантираната минимална помош е трипати повисока од социјалната помош, а паралелно е воведена социјална сигурност за старите лица, таканаречена социјална пензија за лицата над 65 години.

-Воведен е детски и образовен додаток за деца од семејства корисници на гарантирана минимална помош, покачена е минималната плата, покачена е минималната пензија, овозмоѓено е ослоодување од пратиципација за здравствено лекување за семејства корисници на гарантирана минимална помош и пензионери со ниска пензија, зголемена е вработливоста пред се за младите Роми преку активните мерки за вработување, додаде Ахмедовски.

Претседателот на партијата за демократски просперитет на РОмите кој се наоѓа и на кандидатската листа на коалицијата „Можеме" во Третата изборна единица исто така напомена дека за време на неговото едногодишно министерување во Министерството без ресор, со урбанистичката експанзија биле опфатени ромските заедници во повеќе градови во државата. Најави дека овие прашања, кои се од особен интерес за ромската заедница, во претстојниот мандат ПДПР како партија, уште подобро и поквалитетно ќе ги сработи. /МИА

Во познато турско летувалиште наплатуваат по 50 евра за влез во море

Штом ќе започне летото, на интернет започнуваат да кружат сметки од разни дестинации. Последниве денови на социјалните мрежи започна да кружи сметка од Бодрум, Турција.

Хотелот-бар на плажа во Бодрум, популарно летно одморалиште, им наплаќа на гостите дури 48 евра а ќебапи и 7 евра за кафе.

И додека популарното одморалиште бележи значително помал број ноќевања поради коронавирусот, цените се зголемиле на некои места. Локалните медиуми пишуваат дека некои хотели со приватни плажи наплаќаат дури по 50 евра само за пливање во морето, пренесува The Sun.

Но, градоначалникот ги брани цените велејќи дека не му е грижа затоа што луѓето плаќаат високи цени за храна. "Тие можат да платат и 100.000 лири ако сакаат. Но, тука има места што продаваат ќебапи и за 20 лири".

Тој додаде дека ако Бодрум понуди пониски цени, гостите кои очекуваат „повисок квалитет“, претпочитаат да изберат ги Санторини или Ибица за одмор.

Турција воведе и сериозни казни за лицата фатени без маска. И граѓаните и туристите ќе се соочат со казна од 900 лири доколку не носат заштитна маска во јавност.

притисни ентер