Одбележување 103 години од раѓањето на Мајка Тереза

Во рамки на одбележување на 103- годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, пред Спомен куќата во Скопје ќе се одржи проекција на интервјуто со Мајка Тереза дадено за ирската телевизиска куќа РТЕ и презентација на дел од уметничките слики на македонско-канадскиот уметник Мајкл Клос.

- Интервјуто со Мајка Тереза е направено во Ирска во 1974 година со познатата новинарка Нодлег МекКарти. Во интервјуто таа говори за својата мисионерска работа за нејзиниот народ го спомнува нејзиниот роден град, за работните обврски на сестрите, за желбата на младите девојки да се приклучат во нејзиниот ред и да станат нејзини следбенички, рече Рената Здравковска на денешната прес-конференција по повод годишнината од раѓањето на хуманистката.

Проекцијата на филмот кој е дел од годинешната програма за остварување на национален интерес во културата за 2013 година, ќе се одржи на 25 август во Летниот театар на Спомен куќата на Мајка Тереза со почеток во 20:00 часот.

- Уметникот Мајкл Клос кој досега имал околу 100 самостојни и многубројни групни изложби насекаде низ светот, по повод годишнината на Спомен куќата на Мајка Тереза донираше уметнички слики кои ќе бидат изложени во отворениот простор околу бунарот на спомен куќата во недела на 25 август, рече Адријана Јелиќ, кустос во Спомен куќата.

Дел од сликите ќе бидат продадени со аукција, а средствата од нив ќе бидат искористени за добротворни цели. /Извор: МИА/

Сончево и топло до крајот на неделава со температури до 27 степени

Следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот.

Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата, соопшти УХМР.

Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 4 до 12, а максималните дневни ќе достигнат до 27 степени.

Струмичката болница обезбеди модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за хируршки зафати

Струмичката болница обезбеди и започна со работа со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за потребите на одделот хирургија, информираа од оваа здравствена установа.

Како што соопштија оттаму, со лапароскопска хирургија се овозможува полесен третман на пациентите со минимални инвазивни третмани, помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, полесно заздравување и пократок престој на пациентите во болница за разлика од отворените хирушки интервенции.

-Тимот на хирурзи, хирурзи на абдоминална хирургија, во болницата веќе подолго време работат лапароскопски операции, а во наредниот период ќе се работи на проширување на експертизата, доедукација на лекарите во лапароскопска хирургија, како и во гинекологија за проширување на видот на оперативните третмани кои досега се работеа во нашата болница со класични отворени хирушки методи, велат од ЈЗУ „Општа болница Струмица“.

Инаку, лани се направени вкупно 1.400 операции, од кои околу 300 лапароскопски хирушки интервенции.

Видео: Мечка трчала низ улиците на град во Словачка, меѓу повредените има и девојче

Мечка трчала низ улиците на град во Словачка, меѓу повредените има и девојче. Видеото е од 17 март, а кафеавата мечка е убиена во синоќа во локалната шума.

Словачкиот министер за животна средина Томаш Тараба изјави дека е убиена кафената мечка која повреди пет лица во еден словачки град.

На социјалните мрежи се шири снимка од мечка која на 17 март трча низ улиците на еден словачки град.

На тамошните градски власти им беа потребни десет дена за да ја пронајдат мечката, која беше убиена во локалната шума во вторникот.

Според Тараба, владата на Словачка користела дронови за да ја пронајде мечката, пренесе Би-Би-Си. Се проценува дека мечката има три години и тежи околу 70 килограми. Повредени се пет лица, меѓу кои и десетгодишно девојче, а двајца со рани и гребаници се пренесени во болница.

притисни ентер