Преживеал удар од воз кој возел со 177 километри на час

Дерил Си имал слушалки на ушите, слушал музика и не можел да ја слушне сирената од возот кој со огромна брзина возел право кон него. Машиновозачот успеал да намали до 177 км на час, возот удрил во момчето кое летнало 6 метри!

22 годишниот Американец Дерил Си потоа седнал на тревата во која бил отфрлен, со повреди на вратот, неколку скршени ребра и внатрешно крварење, но свесен!.

Неговата мајка вели дека Дерил не се сеќава дека бил удрен од воз. Ги памети само настаните пред и по ударот. Вчудоневидена е и среќна што нејзиниот син добро закрепнува од повредите.

Машиновозачот веднаш излегол од возот и не можел да си поверува на очите кога видел дека Дерил е жив. Сите кои го виделе ударот го очекувале најлошото.



File photo of speeding Amtrak train (© Ocean/Corbis)

Дерил веднаш бил префрлен во болница. Во вратот му е вградена плочка и добро заздравува од другите повреди.

- Ова е вистинско чудо. Не можев да верувам кога рекоа дека тој преживеал и зборува - вели неговата баба./извор: ABC news

Израел вели дека ја покажал својата способност да нападне во внатрешноста на Иран

Денешниот напад „имаше намера да му сигнализира на Иран дека Израел има способност да нападне во внатрешноста на земјата“, изјави неименуван израелски функционер за „Вашингтон пост“.

Нуклеарната организација на ОН (МААЕ) потврди дека иранските нуклеарни локации се неповредени, по извештаите за напад во ирански Исфахан.

МААЕ, исто така, го повтори својот повик и Иран и Израел да покажат максимална воздржаност, нагласувајќи дека атомските капацитети никогаш не треба да бидат цел.

„Политика“: Годишнина од потпишувањето на Бриселскиот договор - 11 години без ЗСО

 Денеска се навршуваат 11 години од потпишувањето на Бриселскиот договор, но Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО), на чие формирање се однесуваат првите шест точки и е столбот на овој документ, сè уште не е формирана, пишува „Политика“.

За текстот на договорот, кој формално се нарекува „Прв договор за принципите на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина“, се преговараше шест месеци пред да бидат ставени три потписи на документот. Документот во име на Белград го потпиша тогашниот премиер и денешниот шеф за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, а во име на Косово - Хашим Тачи, кој беше премиер.

Третиот потпис во име на Брисел, кој учествуваше како посредник, го стави тогашната висока претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Кетрин Ештон, потсетува српскиот весник.

Во Договорот од Брисел, кој има вкупно 15 точки, за Србите во Косово е наведено дека ќе имаат Заедница која ќе вклучува 10 општини со српско мнозинство јужно и северно од Ибар и ги вклучува Лепосавиќ, Звечан, северниот дел на Митровица, Зубин Поток, Партеш, Ранилуг, Ново Брдо, Грачаница, Штрпце и Клокот.

Врз основа на договорениот документ, предвидено е ЗСО да има статут, претседател и потпретседател и собрание. Другите точки од Бриселскиот договор се однесуваа, меѓу другото, со полицијата, судството, судството и локалните избори, а беа спроведени и оние чие спроведување зависеше од Белград, наведува „Политика“. /МИА

Директорот на ФБИ: Кинески хакери се подготвуваат да ја нападнат инфраструктурата на САД

Директорот на ФБИ Кристофер Реј синоќа изјави дека хакери поврзани со кинеската влада навлегле во критичната американска инфраструктура и го чекаат „вистинскиот момент да зададат разорен удар“.

Тековната кинеска кампања за кибер-криминал, позната како „Волтов тајфун“, успешно пристапи до безброј американски компании во телекомуникациите, енергијата, комуналните услуги и другите критични сектори, при што дополнително беа таргетирани 23 оператори на гасоводи, истакна Реј.

Говорејќи на настан на Универзитетот Вандербилт посветен на одбраната, шефот на ФБИ рече дека Кина развива „способност физички да направи хаос на нашата критична инфраструктура кога и да сака“. „Планира да удри под појасот врз цивилната инфраструктура за да се обиде да предизвика паника“, додаде тој.

Реј рече дека е тешко да се утврдат намерите на акциите на Кина во кибер-просторот, но тие се во согласност со пошироката намера на Пекинг да ги одврати САД во одбраната на Тајван. /МИА

притисни ентер