Опожарена црквата Света Петка во село Долно Егри

Пожар кој започнал од запалени стрништа во битолското село Долно Егри ја зафатил и локалната црква Света Петка. Од битолската полиција потврдија дека се опожарени таванскиот дел и камбанаријата на црквата.
Според Магдалена Димитровска, портпарол на СВР Битола, најверојатно пожарот избил на 14-ти август, но граѓани во полиција го пријавиле денеска. Во селото Долно Егри не живее ниту еден жител, така што најверојатно огнот не бил забележан навреме за да биде спречено опожарувањето на храмот. Најблиските жители се на два километри во селото Средно Егри.

Екипа на СВР Битола изврши увид на лице место. Од битолската противпожарна служба велат дека пожарот кај нив воопшто не бил пријавен, но утре ќе излезат на терен за да видат колкави се оштетувањата.



Заврши кампањата, од полноќ изборен молк

Заврши кампњата пред првиот круг од претседтаелските избори, а од полноќ почнува изборниот молк пред гласањето во недела..

Последниот митинг Гордана Сиљановска Давкова  го одржа во Штип, а Стево Пендаровски во Охрид.. И на последните митинзи во фокусот на кандидатите беше Преспанскиот договор и Евроатланските интеграции.

На вечерашните митинзи своите последни пораки пред гласањето ги упатија и  партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Вучиќ: Се може, ултиматуми и насилство не

Пред околу 100.000 луѓе, попладнево во Белград се одржа завршниот митинг од кампањата „Иднината на Србија“, што го организираше српскиот претседател Александар Вучиќ.

Порача дека е подготвен на дијалог со опозицијата, но нема да прифати ултиматуми.

Српската опозиција со протестите „1 од 5 милиони“ од јануари бара оставка од Вучиќ, а на минатонеделниот протест биле собрани околу 30.000 граѓани кои бараат слободни медиуми, дијалог и слободни избори.

На школски едреник на црногорската морнарица, најдени 50 килограми кокаин

На бродот , за кој Хрватска вели дека е нивен и останал во Црна Гора по ремонтот во 1990 , денеска се најдени 50  килограми кокаин.

На школскиот едреник ,,Јадран” , со кој плови црногорската морнарица , полицијата најде кокаин. Според оперативните сознанија , полицијата открила дека криминална група има намера да се вози со овој брод.

По извршениот претрес на бродот биле најдени над 50 килограми кокаин. Како можен виновник е еден од подофицерите на бродот , дел од екипажот, кој според црногорските медиуми, ќе биде уапсен.

притисни ентер