Добри сме се со ИПА, но можеме и подобро

Потребна ни е поголема координација помеѓу државните институции, изјави вицепремиерот за европски прашања Бесими.

Има поголем простор за искористување на средствата од ИПА програмите. Затоа ни треба и поголема координација помеѓу државните институции, изјави вицепремиерот за европски прашања Бесими, кој денеска го посети Министерството за животна средина.

Инвестиции во пречистителни станици, канализациони мрежи, водоснабдување , заштита на воздухот. На патот кон Европската унија, ова се најголемите предизвици на земјава во делот на животна среднина. Со цел поголема искористеност на средствата од ИПА програмите, вицепремиерот за европски прашања фатмир Бесими ги координира државните институции. Се разгледуваат тековните активности и искуствата , но и можностите за поголема искористеност на европските пари.

“Поглавје 27 е едно од најголемите и најкомплексите поглавја и сектор кој бара повеќе инвестици, ваквите координации ќе дадат резултат во иднина оти нашите најголеми предизвици се токму инвестициите во пречистителни станици, канализациони мрежи, водоснабдување , но тоа исто така е имплементација на законските одредби од заштита на воздухот“, изјави Абдулаќим Адеми, министер за животна средина.

37% е искористенота на средствата од ИПА проектите. Простор за подобрување има.

“Ако се гледа анализата на ЕУ , од споредбено со земјите кои имаат децентализиран модел на искористување ние сме на просек, но ние сметаме дека има потреба од појака координација и има простор за повеќе искористеност. Со поголема кординација ке бидат повеќе средстав искористени . Ние не викаме дека состојата е идеална и дека сме најдобри но има потенцијал каде е инвестирано до сега“ изјави Фатмир Бесими, вицепремиер за европски прашања.

Според податоците за 2007 – 2013 , од вкупно 600 милиони евра проектите кои се вклучени во делот на Министерството за животна средина, се во вредност од 115 милиони евра, од кои 15 милиони се за зајакнување на институционалните капацитети, а останатите се инфраструктурни проекти и подобрување на животната средина.

Видео: „Мона Лиза“ рапува со помош на вештачка интелигенција

„Мајкрософт“ ја претстави новата технологија со вештачка интелигенција наречена „ВАСА-1“, што може да сними фотографија и аудиоисечок и да ги комбинира во реалистична видеоснимка.

За почеток, технолошкиот гигант претстави видео на кое „Мона Лиза“ на ренесансниот уметник Леонардо да Винчи „ја рапува“ песната „Paparazzi“... Но, овде не се работи за хитот на Лејди Гага, туку рап-верзијата што Ен Хатавеј ја изведе во „Емисијата на Конан О'Брајан“ во 2011 година.

„Ова е толку смешно, плачам од смеење“, „Само Да Винчи да можеше да го види ова“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“ - се дел од коментарите.

Видеото набрзо собра над 7,1 милиони прегледи на само еден профил на „X“.

Мадуро размислува повторно да се отвори Канцеларијата на ОН за човекови права во Венецуела

Мадуро најави дека е подготвен да се сретне со претставникот на Канцеларијата на ОН за човекови права.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро најави дека е подготвен да се сретне со претставникот на Канцеларијата на ОН за човекови права, откако претходно, во февруари, венецуелската Влада побара од вработените во Канцеларијата да ја напуштат земјата во февруари.

-Добив предлог за повторно отворање на Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права во Венецуела и се согласувам дека треба да ги надминеме нашите разлики, изјави Мадуро за венецуелската национална телевизија, за време на заедничкиот говор со главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан.

Мадуро додаде дека е подготвен наскоро да се сретне со Фолкер Тирк и дека претставникот на Канцеларијата е добредојден да дојде на разговори за разликите што ги имаат и начините за надминување на конфликтот што произлезе.

Откако кон средината на февруари од персоналот на Канцеларијата за човекови права на ОН беше побарано да ја напушти Венецуела, владата најави дека во рок од еден месец ќе ги ревидира техничките услови за соработката.

Венецуелската влада потоа го критикуваше „колонијалистичкиот, навредлив и насилен однос“ на ОН, откако специјалниот известувач рече дека венецуелската програма за храна не се занимава со основните причини за гладта во земјата, потсетуваат британските медиуми. /МИА

Рускиот свештеник кој држеше опело за Навални отстранет од црквата на три години

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

Рускиот православен свештеник кој во март одржа комеморација во спомен на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални е суспендиран на три години од извршувањето на неговите духовни должности, соопшти Московската епархија на Руската православна црква, цитирана од британските медиуми.

Во соопштението, кое беше објавено вчера на веб-страницата на епархијата, не е наведена причината за казната за отец, Дмитриј Сафронов, со која му се одзема правото да дава благослов и да носи расо и свештенички крст до 2027 година.

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

-По истекот на периодот на покајание (казна - забелешка изд.), врз основа на повратните информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука дали е можно тој да продолжи со свештеничката служба, наведуваат од епархијата.

На 26 март, Сафронов одржа комеморација на која присуствуваа илјадници луѓе за Навални, кој беше најжесток критичар на руската територија на претседателот Владимир Путин и кој почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот. /МИА

притисни ентер