Димитров: Македонците - второкласни Срби или првокласни Бугари?

И во поразот, Божидар Димитров, директор на бугарскиот Институт за историја, најде победа. Синоќа победил „бе” националниот тим.

Така, според бугарскиот Фокус, контроверзниот Димитров ја коментира победата од 2 спрема 0 на македонската фудбалска репрезентација на пријателскиот меч со Бугарија што се одржа во Скопје.

„Сепак, јас точно предвидував кога изјавив дека не е тешко да се победи. Згрешив само кога. Реков дека за тоа ќе треба време зашто очигледно дека селекцијата предводена од Панев не е подготвена подобро од селекцијата на Скопје. Но, фудбалерите од повардарието играа мотивирани и победија сосема заслужено, исто  како и нивните прадедовци од „11-тата македонска дивизија“ кои победуваа во битките со Србите, Французите, Грците и Англичаните. Да се живи и здрави и да прекине црната серија од изгубени натпревари“, ги поздрави и пофали  во негов стил Божидар Димитров фудбалерите од македонската репрезентација.

Екс министерот за дијаспора и денеска ги коментира и навивачите на Вардар, Комитите. Според него, тоа е младинската организација на Светскиот македонски конгрес, која објавила дека Мара Бунева е Македонка, а не Бугарка. Ако Комитите не се просрпска, туку македонска организација, тогаш Димитров прашува зошто на секој 13-ти јануари се крши плочата на македонската хероина, наместо како Македонка да се слави и почитува.

„Младите Македонци да не се во заблуда и ако се сметаат за Македонци тогаш се второкласни Срби. За разлика од таквото мислење, ако си Македонец во Бугарија те сметаат за првокласен Бугарин“, вели тој.
притисни ентер