Избегната сообраќајка на „Виа Игнација“

Автобус со македонски туристи кои се враќале од одмор на грчкиот остров Крф за малку избегнал сообраќајка на автопатот „Виа Игнација“. Незгодата се случила ноќта помеѓу 12-ти и 13-ти август.

Патниците биле вознемирени бидејќи за малку била избегната поголема несреќа.

Од туристичката агенција Пет велат дека немало ниту повредени патници, ниту сериозни оштетувања на автобусот. Од таму ги демантираат информациите во јавноста дека возачот задремал и удрил во банкина. Велат се обидел да избегне да се судри со возило кое претекнувало. Патувањето до Скопје завршило без проблеми и поголеми задржувања, а досега ниту еден од патниците не се пожалил кај нив, велат од агенцијата.


притисни ентер