Фото: Лекари на ЈНА правеле аутопсија на вонземјанин!?

Во ноември 1966 година, близу малото село Оточек во поранешна СФРЈ, летечки објект се срушил и непознато суштество било извлечено од леталото, пренесува српски „Курир“.

Со оглед на тогашните политички прилики, случувањето добило ознака „Строго доверливо“, а на жителите и на сведоците им било речено дека станува збор за воена вежба која ја изведувала тогашната Југословенска народна армија.

Иван Крамер, кој пишувал за ова случување уште пред осум години, тврдел дека станувало збор за „официјална верзија“ различна од она што навистина се случило.

- За телото, беше речено дека припаѓало на пилотот на воздухопловството. Рекоа дека е деформирано од пламенот и жештината. Темната ноќ помогнала за оваа верзија на војската да биде поуверлива. Вонземското суштество веднаш било однесено во Белград, со воено амбулантно возило и во тогашниот главен град на СФРЈ, Белград – раскажал тој.

За неколку часа, некои од најважните научници во тогашната заедничка држава дошле и започнале да го испитуваат телото.

Меѓу научниците кои ја воделе аутопсијата наводно биле и офицерот Андреј Зобол и двајца патолози Никола Јулиќ и Зоран Фредериќ, луѓе кои биле од најголема доверба на тогашната југословенска влада.

Фотографиите излегоа во јавноста во 1999 година, од роднина на еден од докторите.

Проекција на „Големата вода и „Црвените булки над ѕидовите“ во Кинотека

На 27 април, во Кинотеката ќе се одржи проекција на „400 удари“ на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Во рамки на концептот на Кинотеката насловен „Разлики кои не обединуваат“, на 25 април ќе биде прикажан долгометражниот игран филм на Иво Трајков „Големата вода“ снимен во 2004 година, а следниот ден, 26 април, „Црвените булки над ѕидовите“ од 1976 година во режија на Димитер Анагности.

На 27 април, во Кинотеката ќе се одржи проекција на „400 удари“ на Франсоа Трифо, снимен во 1959 година.

Како што соопштија од Кинотеката, овие филмови се, пред сè, избрани поради своите „сличности и паралели“ во тематиките, како и во нивната филмска обработка и пристап.

-Но, исто така, битно е да се истакне и дека „Црвените булки на ѕидовите“ неодамна е дигитализиран во 4К резолуција, а „Големата вода“ оваа година го прославува дваесетгодишниот јубилеј од својата премиера. И, се разбира, дека филмот „400 удари“ на Трифо, според францускиот филмски магазин „Cahiers du cinema“ (Каје де Синема) е повеќе од ремек-дело и станува збор за еден од најaмблематичните филмови во поствоениот период на француската филмска продукција, потенцираат од Кинотека. /МИА

Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

притисни ентер