Шерон Стоун: За малку ќе ме убедеа да направам пластична операција!!!

Во интервју за магазинот „New You“ Шерон Стоун вели дека безброј хирурзи се обиделе да и продадат „ново лице“ , еден од нив за малку ќе ја убедел, но ....

- Не можам да ви објаснам колку лекари ме убедуваа да направам пластична операција на лицето. Еден за малку и ме убеди, но кога ги гледав своите фотографии си реков - а зошто ми е тоа, што ќе оперираат?

55 годишната Шерон смета дека природниот изглед е многу по секси од „затегнуваниот“.

- Несовршеностите се сензуални, природниот изглед и несовршеностите се многу секси - вели таа.

Шерон Стоун навистина инспиративно зборува за можностите во нејзина возраст. Вели - педесеттите се нови триесетти, можност да се почне нов живот ако не сте задоволни од она што сте го направиле во првата половина.

- Не мора да играте голф и да не правите ништо. Педесеттите може да бидат годините кога ќе свртите нова страница! - вели актерката за  „New You“ и патем речено, изгледа одлично!

'I'm hungry for gourmet...': Sharon Stone has opened up about how ageing has changed her sex life in a new interview and shoot
притисни ентер