Пад на цените на нафтата поради лошите вести од Кина

Нафтата изутринава поевтини на светските берзи, како резултат на загриженоста на инвеститорите дека падот на преработувачките активности во Кина би можел да ја намали побарувачката на овој енергенс во втората по голема светска економија.

Американската лесна нафта за испорака во септември поевтини за 27 центи на 106,96 долари за барел, додека цената на „брентот“ од Северното Море на берзата во Лондон се намали за 22 центи на 108,22 долари.

Прелиминарните податоци на банкарскиот гигант ХСБЦ покажаа дека индексот на управување со набавката (ПМИ) за кинескиот индустриски сектор во јули се намали на најниско ниво во последниве 11 месеци на 47,7 поени од јунските 48,2 поени. Индек од над 50 поени укажува на јакнење на секторските активности, а под 50 поени за нивно слабеење./МИА



Пекинг регистрира прв случај на коронавирус по шест месеци

Пекинг го забележа првиот случај на коронавирус за речиси шест месеци или првиот случај по 179 дена, јави Си-Ен-Ен.

Веднаш по првиот, пријавен е уште еден. Станува збор за маж и жена кои неодамна престојувале во град во провинцијата Хунан, каде се пријавени неколку случаи на инфекција на Делта сојот.

Сите контакти на заразената двојка се ставени во карантин.

За последните 24 часа во Кина се регистрирани 49 нови случаи, додека 86 случаи беа регистрирани претходниот ден.

Седница на ИО на СДСМ: Дефинирани уште пет кандидати за градоначалници

​Вечерва на седница на Извршниот одбор на партијата, беа дефинирани уште неколку кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ.

По спроведените испитувања на јавното мислење, по истражувањата и анализите во органите на партијата и секако по консултација со членовите, вечерва дефинирани се дополнителни пет кандидати за градоначалници.

1. Ѕвонко Пекевски – Берово

2. Борис Георгиевски – Гази Баба

3. Јасмина Гулевска – Могила

4. Тони Делков - Неготино

5. Даниел Крстевски - Ранковце

Ова се кандидатите кои Извршниот одбор, раководството на партијата, ги дефинираше заедно со граѓаните и членовите на партијата од овие општини.

Токму граѓаните знаат која личност е најдобрата опција за нив и затоа токму заедно со граѓаните ја создаваме најдобрата кадровска понуда за секоја општина.

Анализите, истражувањата на јавното мислење и консултациите продолжуваат и во овој период. Како што најавивме и претходно, фазно, до крајот на август, ќе ги објавиме кандидатите за сите општини во кои СДСМ ќе настапи со свои кандидати.

СДСМ е и останува прв во промените, прв во храбрите одлуки и чекори и така ќе биде и на овие локални избори.

СДСМ го носи најдоброто за секој општина, најдоброто за нашата држава и тоа е препознаено и од граѓаните.

Затоа расте довербата на граѓаните, затоа СДСМ има убедливо водство на сите релевантни анкети.

Граѓаните знаат дека само со СДСМ е можен развојот на општините, дека само со СДСМ е можен напредокот на државата и затоа на изборите во октомври граѓаните повторно масовно ќе ја дадат довербата на концептите на СДСМ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Мицкоски имал сообраќајна несреќа во Прилеп

Претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имал  полесна сообраќајна несреќа во Прилеп.

Несреќата се случила на пат кон настанот во Прилеп на за промоција на новите политики од концептот Македонија за сите луѓе.

Причинета била помала материјална штета и нема повредени во сообраќајката.

Повеќе медиуми, повикувајки се на извори од партијата пишуваат дека непознато возило удрило во автомобилот во кој се превезувал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

притисни ентер