Во Египет продолжуваат протестите, насилствата и убиствата

Во Египет насилствата продолжуваат. Утрово двајца поддржувачи на екс претседателот Мухамед Морси се убиени, а неколкумина други биле повредени во Каиро.

Муслиманското братство за поддршка на Морси објави дека полицијата во цивилна облека отворила оган кон поддржувачите на Морси  за време на маршот.

Египетските здравствените власти засега не ги потврдуваат информациите за жртвите.

Во друг инцидент пак, најмалку 17 луѓе биле повредени откако  експлодирала бомба пред полициската станица во провинција северно од Каиро.

Египет се соочува со смртоносни насилства откако Морси беше соборен од страна на војската на 3 јули, а како резултат пак на  масовните јавни протести против неговата влада.



притисни ентер