Штрајк на грчките лекари

Вработените во државните болници во Грција денеска стапуваат во 24-часовен штрајк на повик на синдикатите, како знак на протест против реформите во здравствениот сектор.

Поради штрајкот здравствените инстутуции ќе примаат само итни случаи.

Лекарите и медицинските работници во Грција се противат на реформите во здравството, кои предвидуваат спојување и затворање на болници и кратење на персоналот./МИА



притисни ентер