Околу 60 лица загинаа или се исчезнати при потонување на брод кој патувал за Австралија

Околу 60 лица загинаа или се водат како исчезнати кога брод со азиланти, кој бил на пат кон Австралија, потонал кај островот Јава во Индонезија.

Според извештаите на австралиските медиуми на бродот се наоѓале околу 170 азиланти, претежно од Шри Ланка и Иран.

Австралиската служба за поморска безбедност истакна дека во тек е акција за спасување, која ја координираат индонезиските власти./МИА




притисни ентер