Градоначалникот на Атина забрани хуманитарна акција на „Златна зора“

Градските власти во Атина и забранија на крајодесничарската партија „Златна зора“ да одржи денеска хуманитарна акција, со образложение дека таа „прокламира расизам и ксенофобија“.

Градоначалникот на Атина Јоргос Каминис изјави дека ќе го осуети плановите на партијата да дели храна и облека на Грци на плоштадот Атика во сиромашен кварт на градот.

Претставници на „Златна зора“ доцна синоќа изјавија дека нема да да ја почитуваат забраната и оти сите нејзини 18 претставници во грчкиот Парламент ќе учествуваат во настанот./МИА
притисни ентер