САД и Израел нема да присуствуваат на инаугурацијата на новиот претседател на Иран

Претседателите на САД и Израел не се повикани на инаугурацијата на новиот ирански претседател на 4 август , соопшти денеска министерството за надворешни работи на Иран.

Абас Арагчи портпаролот на министерството денеска изјави дела лидерите на сите останати држави , вклучувајќи ја и Велика Британија се повикани на инаугурацијата на Хасан Рухани како претседател на Иран.

Рухани најави дека „ќе води умерена политика“ , но и вети поголема отвореност  во поглед на иранската нуклеарна програма , поради оваа програма Иран е во константен судир со Западот.

Инаку Рухани на претседателските избори на 14 јуни со огромно мнозинство на гласови ја доби довербата на гласачите.
Рухани на претседателската фотелја ќего замени долгогодишниот ирански престедател Махмуд Ахмадинеџат.
притисни ентер