Кочо Данај: Албанската дијаспора почна акција „Милион потписи за една албанска држава“

Албанците почнаа масовна акција со која ќе направат притисок врз меѓународната зедница да се реализира нивна цел-обединување на Албанците во единствена држава, пренесуваат албанските медиуми повикувајќи се на Де Пресе.

-До ноември треба да се соберат милион потписи од Албанците во дијаспората, кои живеат надвор од „Природна Албанија“, изјави Кочо Данај, претседател на движењето  „Природна Албанија, на прес конференција во Минхен.

Весникот посебно го потенцира фактот што „ЕУ силно се спротивставува на овој проект“.

Откако ќе се соберат потписите, петицијата ќе биде доставена, меѓу другото и до владите на Германија, Велика Британија и Австрија.

Потписите почнаа да се собираат од пред два дена на плоштадот Карлсплатц во Минхен.

Според Данај, кој е директор на албанскиот Инситут за регионални прогнози „Природна Албанија“, (што ќе ги обединува Албанија, Косово и делови од Македонија, Црна Гора, Грција и јужниот дел на Србија, во кои живее албанско население) ќе се формира во 2013 година. Оваа држава, смета тој, ќе придонесе кон стабилизирање и напредок на балканскиот регион, а конечно ќе го реши и албанското прашање./МИА



притисни ентер