Кејт и Вилијам го покажаа нивниот син

По долго чекање светот го виде идниот британски крал , вчера родениот син на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Војвотката од Кембриџ Кејт и британскиот принц Вилијам и нивниот новороден син вечерва се појавија во јавноста .
Пред малку, или точно во 20 часот и 15 минути малиот престолонаследник беше преставен во јавноста која го дочека со овации. Скоро идентично како што беше дочекано и поздравено неговото раѓање.

Kate i William pokazali sina (foto: AFP) - 1

-Тој е големо момче и прилично е тежок . Уште не одлучивме како ќе се вика ,но брзо ќе го смислиме неговото име. Ова всушност е првиот момент кога вистински го гледам како што треба и уживам во дружењето со него. Фала богу личи на неговата мајка и е многу подобар од мене , изјави вечерва со насмевка на лицето принцот Вилијам кој во раце го држеше својот новороден син.

Денеска неговиот татко принцот Вилијамс им се заблагодари на сите вработени во болницата Ст. Мери каде што синоќа се роди третиот престолонаследник ,на британската круна.

Според британските медиуми кој го следат секој нивни чекор , Кејт и Вилијам по добивањето на синот се однесуваат како и сите други обични млади родители . Вчера , по раѓањето на синот , среќните родители се честеле со пица која во болницата им ја донел еден припадник на обезбедувањето.

Инаку илјадници луѓе вечерва пред болницата Сент Мери во Лондон ја поздравија среќната тројка.

Вооружените сили на Хондурас заплениле 2,7 тони кокаин, наменет за американскиот пазар

Вооружените сили на Хондурас соопштија дека заплениле 2,7 тони кокаин скриен во два глисери.

Запленети се вкупно 2.760 пакувања со дрога, тешки по еден килограм“, потврдил портпаролот на вооружените сили на Хондурас, Сантос Ноласко, пренесува парискиот весник „Фигаро“.

Дел од дрогата бил закопан на плажа на Карибите, а потрагата продолжува за да се најдат други пакети скриени во областа, рече Ноласко.

На 24 март, поморските сили на малата централноамериканска земја заплениле повеќе од 1,3 тони кокаин и уапсиле 10 осомничени шверцери на дрога кои дејствувале во регионот на Карибите.

Од 1970-тите, Хондурас е транзитна рута за кокаин од земјите производители во Јужна Америка до САД, но во јануари 2022 година, по доаѓањето на власт, новиот претседател Ксиомара Кастро вети дека ќе се бори против трговијата со дрога.

Неговиот претходник, Хуан Орландо Хернандез, беше екстрадиран и приведен во САД набргу откако тој ја напушти претседателската функција.

На крајот од историското судење, федералната порота во Њујорк на 8 март го прогласи Хернандез за виновен за олеснување на увозот на 500 тони кокаин во Соединетите држави помеѓу 2004 и 2022 година.

Хуан Ернандез ќе биде осуден на 26 јуни и се соочува со доживотен затвор.

ДИК со последни подготовки пред утрешниот изборен ден

Речиси 7.000 болни и изнемоштени лица, затвореници во казнено-поправните домови и лица во притвор, оние во старечките домови, како и нашите  државјани во странство, денеска гласаат, ден пред утрешните претседателски избори.  

Гласањето на болните и немоќни лица, во ДКПта и казнено-поправните домови се одвива без проблеми, а Државната изборна комисија е целосно подготвена и за утрешниот изборен ден- соопшти првиот човек на ДИК Александар Даштевски. Резултатите од гласањето на овие категории на граѓани кои традиционално го остваруваат гласачкото право ден пред сите останати, ќе се пребројат и ќе се објават комплетно по завршување на изборниот молк утревечер. Од ДИК велат дека за следење на овие претседателски избори, освен домашните, интерес покажале значителен број и странски организации и медиуми.

Од Државната изборна комисија соопштија дека во Избирачкиот список за овие избори се запишани вкупно 1.814.317 гласачи. Во дипломатско конзуларните претставништва гласаат 2569 граѓани, од казнено-поправните установи 2147 лица, а во своите домови гласачкото право имаат можност да го остварат близу 7000 лица кои се пријавиле како болни и немоќни.

Се намалува цената на електричните автомобили, некои се поевтини и за 2.000 евра

Портпаролот на Tesla денеска изјави дека компанијата ќе ги намали цените на некои модели на автомобили во одредени земји во Европа, вклучително и Германија, како и на Блискиот Исток и Африка.

Во Германија цената на моделот 3 со погон на задните тркала паднал од 42.990 евра на 40.990 евра, пренесува Ројтерс.

Таа компанија, чиј основач и директор е милијардерот Илон Маск, претходно најави намалување на цените во Кина и САД.

Така, во САД цените на трите модели ќе бидат за 2.000 долари пониски, а Model Y ќе чини 42.990 долари, Model S 72.990 и Model X 77.990, пишува ABC News.

На 15 април Маск објави дека 10 отсто од вработените во компанијата ќе бидат отпуштени.

Компанијата Тесла на почетокот на април објави дека испорачала 386.810 возила во првиот квартал од 2024 година, што е за 8,5 отсто помалку во споредба со истиот квартал минатата година, објавија медиумите.

На квартално ниво, испораките на возила на Tesla паднаа за 20 отсто во споредба со четвртиот квартал од 2023 година.

По тој повод, Tesla објави и дека во првиот квартал од 2024 година произвела 433.371 возила, што е за 1,7 отсто помалку од истиот квартал лани.

притисни ентер