Пронајден експлозив во црква што папата сакал да ја посети

Во гаражата на бразилскиот храм, национално светилиште на госпоѓата на Апаресида во близиина на Сао Паоло, пронајден е експлозив . Предвидено беше токму тој храм денеска да го посето папата Франциско кој е во еднонеделна посета на Бразил.

Експлозивот бил рачна изработка.

Непријатности папата имаше уште при прситигнувањето во Бразил - бразилската полиција  со солзавец и водени топови растера стотици демонстранти  кои се собраа пред палатата на гувернерот на сојузната држава Рио Де Жанеиро, каде се сретнаа поглаварот на католичката црква папата Франциско и претседателката на Бразил, Дилма Русеф.

Најмалку еден демонстрант е уапсен, а еден фоторепортер е повреден.

притисни ентер