Maшко е!

Нејзиното Височество Кејт, војводката од Кембриџ, роди здраво машко дете, тешко 3.8 килограми

Војвотката  Кејт роди син, кој е трет во низата за наследник на кралскиот трон. Како што соопштија британските медиуми, војвотката се породила во 16 часот и 30 минути по лондонско време, но веста пред малку беше официјално соопштена. На породувањето бил и принцот Вилијам. Војвотката се породила по природен пат. 

Кралицата, Војводата од Единбург, Принцот од Велс, Војводката од Корнвол, Принцот Хари и членовите на двете фамилии и се разбира принцот Вилијам, се пресреќни од вестите кои пристигнаа од Сент Мери болницата.

Нејзиното Височество Keјт и нејзиното бебе се во добра здраствена состојба и ќе ја поминат вечерта во болницата.
притисни ентер