Едeн загинат, седуммина повредени во денешните судири во Каиро

Најмалку едно лице загина, а седум се повредени во денешните судири на централниот плоштад Тахир во Каиро меѓу приврзаниците и противниците на соборениот египетски претседател Мохамед Морси.

Спротиставените групи фрлаа камења едни врз други, а полицијата употреби солзавец за да ги растера.

Тоа е најголем судир во Каиро од 16 јули, кога во текот на протестите загинаа седум лица.

Египетската државна телевизија објави дека се уапсени седум приврзанци на Морси и оти се запленети два пиштола.

Во судирите од соборувањето на Морси загинаа најмалку сто луѓе, а поголемиот број од жртвите се приврзаници на Муслиманско братство.

притисни ентер