УНИЦЕФ: Милиони девојки во светот подложени на генитално осакатувањe

Повеќе од 125 милиони жени и девојки во светот се изложени на генитално сакатење - обрежување, а во следните десет години таква опасност им се заканува на 30 милиони девојки, соопшти денеска Фондот на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ).

Иако таквата пракса глобално бележи пад, тоа е присутно во африканските и блискоисточните држави. Операцијата се состои во комплетно или делумно отстранување на надворешните гениталии.

- Иако речиси еден век се работи да престане таквата пракса, иако се смета и за кршење на човековите права, таа упорно опстанува, а како главна причина се наведува општествената прифатеност на обрежаните жени, изјави претставничката на УНИЦЕФ, Клаудија Капа.

Таа наведе дека поради ставот на општеството мајките прифаќаат ќерките да им бидат осакатени иако и самите оценуваат дека обрежувањето на жените треба да се укине.

Приврзаниците на обрежувањето сметаат дека со тоа девојката има поголеми шанси да се омажи и оти жената со тоа станува поубава.

Во Сомалија се обрежани 98 проценти од жените меѓу 15 и 49 години, потоа следи Гвинеја со 96, Џибути со 93 и Египет со 91 отсто.

Во Кенија и во Танзанија обрежувањето на жените се помалку се применува, а речиси двојно е намалено во Бенин, во Централноафриканскта Република, во Ирак, во Либерија и во Нигерија. Но, состојбата не е смената во Чад, во Гамбија, во Мали, во Сенегал, во Судан и во Јемен.

притисни ентер