75 загинати и над 459 повредени во силен земјотрес во Кина

Бројот на загинати во денешниот земјотрес во северозападната провинција Гансу се искачи на 75 луѓе, а петмина се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.

Во земјотресот со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала повредени се 459 луѓе, од кои 60 се во тешка здраствена состојба.

По силниот земјотрес регистрирани се уште 422 потреси, од кои еден бил со интензитет од 5,6 степени. 

Се очекува бројката на загинати и повредени да се зголеми.

притисни ентер