Мишковиќ плати рекордни 12 милиони евра кауција!

Еден од најбогатите Срби, сопственикот на Делта холдинг, Мирослав Мишковиќ, уплати кауција од 12 милиони евра за да биде ослободен од притвор.


Паричната гаранција уплатена токму преку Делта холдинг е најголем износ што некогаш бил платен во историјата на српското правосудство и е дури 12 пати поголем од досега рекордната сума од милион евра.

68-годишниот српски тајкун, се очекува уште вечерва или најдоцна утре да излезе од притвор и да се брани од слобода.  Тој е во притвор од декември минатата година и се товари дека преку приватизација на различни градежни фирми без да плати данок ја оштетил државата за над 30 милиони евра, дело за кое му се заканува казна затвор од 10 години.

Човекот за кој се верува дека имал моќ да урива и формира влади, својата моќ ја демонстрираше и на денот на апсењето, кога вицепремиерот Александар Вучиќ му порача дека нема да го дочека гостувањето на РТС, закажано истата вечер.

притисни ентер