Јапонија ја предупреди Велика Британија: Не излегувајте од ЕУ

Во официјален допис до британската влада, Токио наведува дека за јапонските компании Британија е привлечна затоа што им овозможува пристап до европскиот пазар. Ако Британија излезе од ЕУ ќе ги доведе во прашање десетиците илјади британски работни места отворени од јапонски компании - предупредува Токио, пишува Сандеј Тајмс.

Британскиот премиер Камерон презеде обврска да преговара за измена на односот на Британија кон ЕУ, а на крајот на 2017, ако уште е на власт, да организира референдум за прашањето дали неговата земја да остане во ЕУ.

Во дописот на јапонската влада до британскиот Форин офис пишува дека Јапонија е цврсто посветена да изгради „посилен однос со ЕУ од кога било претходно“.

- Велика Британија е голем парнет на Јапонија. Над 1 300 јапонски  компании вложуваат во Британија, отворени се 130 000 работни места. Тоа покажува дека предностите на Британија како мост кон европскиот пазар ги привлекле јапонските инвестиции - пишува Сандеј тајмс.
притисни ентер