Доживотни затворски казни за шестмината Индијци, кои групно силуваа швајцарска туристка

Индиски суд денеска им определи доживотни затворски казни на шестмината мажи, кои беа прогласени за виновни за групното силување на швајцарска туристка, пренесе ДПА, повикувајќи се на обвинителството.

Жената (39) и нејзиниот сопруг биле нападнати и ограбени на 15 март, додека логорувале во близина на село во сиромашната држава Мадија-Прадеш.

Шестмината мажи, на возраст меѓу 22 и 30 години, исто така, се парично казнети со по 20.000 рупии (337 долари).

Ова се првите пресуди, утврдени по серијата непријатни случаи на сексуални престапи во Индија. Смртта на 23-годишната студентка, по групно силување во автобус во Њу Делхи во декември минатата година, предизвика бран од немири во земјата.

Во новото, построго законодавство за силувања, Индија ги зголеми минималните казни за групно силување од 10 на 20 години затвор, а максималните на доживотен затвор./МИА



притисни ентер