Во Чешка најсушен период во последните 60 години

По поплавите во средината на мај, Чешка овој месец се соочува со несекојдневна суша и според метеоролозите, изминатата недела била најсушната во изминатите 60 години, јави дописникот на МИА од Прага.

-Со оглед на фактот дека во следната недела не очекуваме значителни врнежи, ќе биде запишано дека четиринеделниот период од 1 до 28 јули е период кој имал најмалку врнежи од 1951 година. Доколку не се случи нешто непредвидено до крајот на месецот, очекуваме јули да биде екстремно сушен период, соопштуваат од Хидрометеоролошкиот завод.

Според прогнозите, идната недела во Чешка температурата ќе достигне до 33-тиот степен Целзиусов./МИА





притисни ентер