Одложено судското рочиште против екс градоначалникот на Старо Нагоричане

Во кумановскиот основен суд се одложи денешното рочиште во судскиот процес против поранешниот градоначалник на Старо Нагоричане Миодраг Јовановиќ бидејќи предметот се уште не е вратен од дополнение на сообраќајно техничкото вештачење .


Судот констатираше дека одбраната на Јовановиќ, обвинет дека со службено возило прегазил пешак и не му укажал помош, има поднесено предлог за дополнување на доказната постапка со изведување на писмени докази и приговор за извршеното ДНК вештачење.
Судскиот процес против бившиот градоначалник продолжува на 3 октомври кога ќе биде сослушан и единствениот сведок прифатен од судот.

Од овластениот сервис на шкода, Де Лукс Ауто ДООЕЛ Куманово прибавивме докази во кое вели дека пластичниот дел кој е пронајден на лице место фотографиран во вештачењето на отсекот за криминалистичката техника од Куманово може да потекнува од сите шкода октавии со истиот каталошки број што е наведен во самото вештачење од годината 2004 до 2008. Значи тука се наметнува фактот дека е можно критичниот ден да поминале најмалку 10 возила шкода октавии и пластичниот дел од возилото да испаднал од било кое од нив а не од возилото што го управувал обвинетиот изјави Зоран Андоновски одбрана на обвинетиот Миодраг Јовановиќ.

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

притисни ентер