Обама нема да се сретне со Мандела

Американскиот претседател Барак Обама кој со своето семејство пристигна во Јужна Африка нема да го посети Мандела во болница поради кревкото здравје на поранешниот јужноафрикански претседател.

Но ќе разговара со членовите на неговото семејство за да ги пренесе молитвите и желбите за скоро оздравување.
За време на посетата Обама ќе се сретне со јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума, а ќе го посети и советот, местото од каде почна борбата против апартхејдот. Тој ќе го посети и островот Робен, каде Нелсон Мандела помина поголем дел од заробеништвото долго 27 години.

притисни ентер