Десетина илјади исчезнати и 560 загинати во поплавите во Индија

Најмалку 560 загинати и околу 10.000 исчезнати е најновиот биланс на жртвите на поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од монсунските дождови во северниот дел на Индија.

 

Според локалните власти, конечниот број на жртвите најверојатно ќе биде поголем, бидејќи се стравува дека многумина од оние кои се водат како исчезнати се загинати.

Излеаните води на реката Ганг однесоа илјадници куќи, помали згради, автомобили и полесни камиони.

Во спасувачките акции се вкучени илјадници припадници на индиските Вооружени сили, потпомогнати од механизација и хеликотери, кои ги извлекуваат блокираните лица или им доставуваат помош и храна на настраданите.

Интернет гигантот „Гугл“ изработи специјална програма на англиски и на хинду јазик наречена „Прсон Фајндер“ („Пронаоѓач на лица“, која има за цел да помогне во потрагата по исчезнатите лица, од кои најголемиот дел се од индиската сојузна држава Утараханд.

Интензитетот на монсунските дождови, кои врнат веќе цела недела денеска ослабна, но веќе од следната седмица се очекуваат нови обилни врнежи.

Индиската Влада реши да исплати отштета од по 3.400 американски долари на семејствата на секое загинато лице при поплавите и по 840 долари на секој повреден, а вети и помош за семејствата кои ги загубија домовите при оваа елементарна непогода.

Која е жената што се бори против Ердоган ?

Која е Мерал Аксенер , противкандидат на Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

В недела во Турција ќе се одржат вонредни претседателски и парламентарни избори , на кои актуелниот претседател реџеп Таип ердогфабн ќе има дури петмина против кандидати. Со новите уставни измени новиот шеф на државата ќе има значително поголеми овластувања , откако беше воведен претседателски систем на управување.

Според аналитичарите , по првата изборна победа во 2002 , на овие избори Ердоган ќе се соочи со најголем број претставници на опозицијата .

Меѓу нив е и 62 – годишната Мерал Аксенер , поранешен министер за внатрешни работи и потпретседател на Турскиот парламент до 2015 година. Од октомври минатата година е на чело на опозициската либерално конзервативна и секуларистичка партија IYI .  Нејзиното семејство потекнува од Солун , од каде во 20 тите години на мнинатиот век е протерано во Истанбул . Била член на владејачката апртија на Ердоган , но во 2016 се разидува со него поради воведувањето на уставните измени . ,, Ова е движење на храбрите “, изјави Аксенер на последното обраќање пред изборите в недела.

Косовската опозиција го одби предлогот на Тачи за границата со Србија

Три опозициски партии на Косово го одбија предлогот на претседателот Хашим Тачи да бидат дел од процесот за демаркација на границата со Србија.

,,Нема причина да бидеме дел од дијалогот , бидејќи за границите постојат надлежни институции , државна комисија за оваа работа. Нашиуот став за предлогот на Тачи е познат и истото важи за прашањето за границата .” , изјави секретарот бна Демократскиот сојуз на Косово , Исмет Баќири .

Хашим Тачи претходно го потврди учеството на продолжението на преговорите со Србија в недела во Брисел и најави дека на маса ќе се најдат прашањата за границата . Тој повторно ги повика партиите за формирање сеопфатен тим , за процесот да биде што повеќе кредибилен и транспарентен.

Опозицијата го оспорува легитимитетот на Тачи за водење на преговорите со Србија во Брисел , поради тоа што не добил овластување од Парламентот.  

Уште еден американски дипломат заболен од ,,Кубанскиот синдром “

Уште ден дипломат во амбасадата на САД во Хавана заболе од ,,Кубанскиот синдром “.

Со овој случај , бројот на ,,заболени “ дипломати достигна 25. Дипломатот се жали на зуење во ушите , главболка , вртоглавица и проблеми со видот.

,, Ова е прв медицинбски потврден случај во Хавана од август 2017 . Бројот на Американци кои доживеале ваков инцидент достигна 25 .” изјави портпаролката на Стејт Депатрментот , Хедер Њуарт на прес конференција во Вашингтон. Најновиот случај е дијагностициран откако биле извршени темелни медицински истражувања кои покажал слични симптоми со претходните 24 случаи.

Уште еден дипломат е повлечен од Хавана , но неговите медицински извештаи не се познати. Неодамна најмалку еден дипломат имнаше слични симптоми , како вработен во амбасадата на САД во Кина , но засега не е познато што ги предизвикува ,,звучните напади “ , како што ги нарекуваат во САД .

притисни ентер