Џоли кај бегалците од Сирија во Јордан

Анџелина Џоли изјави завчера дека граѓанската војна во Сирија во моментов е најсериозната хуманитарна криза во светот и ги повика светските лидери успешно да ги реализираат нивните дипломатски напори.

Како што објави Вест, Џоли се обрати во најголемиот камп за сириски бегалци во Јордан каде беше во својство на специјален дипломат на Агенцијата за бегалци на ОН.

"Ги повикувам светските лидери, ве молам, ставете ги на страна вашите несогласувања, обединете се против насилството и дозволете $ на демократијата да надвладее", изјави таа на Светскиот ден на бегалците.

Џоли се врати на нејзините хуманитарни ангажмани откако минатиот месец соопшти дека ги отстрани дојките бидејќи дознала дека е носител на мутиран ген поради кој има голем ризик да заболи од рак на дојката или на јајниците.

Посетата на кампот Затари беше нејзиното прво јавно појавување како дипломат на ОН по операцијата за двојна масектомија.
Актерката изјави дека до крајот на годинава, на половина од вкупно 10.000 жители на Сирија очајно ќе им треба храна, засолниште и помош.
"Животите на милиони луѓе се во ваши раце", изјави Џоли, облечена во црна маичка и панталони под поеколното пустинско сонце.
"Мора да најдете заеднички јазик."

На прес-конференцијата во кампот Затари таа рече дека бегалците често се заборавени и погрешно сфатени.
"Ги сметаат за товар, за луѓе што се беспомошни или што сакаат да се вселат во нечија туѓа земја", изјави Џоли.
"Но, не се такви", рече таа со тага во гласот. "Бегалците се луѓе во кои треба да се вложува бидејќи тие се луѓето што еден ден повторно ќе ги изградат своите земји и ќе изградат еден помирен свет за сите нас."

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер