Фото+Видео: „Марихуана мајките“ од Беверли Хилс!?

Група мајки во Беверли Хилс редовно се среќаваат во вечерни термини за да пушат марихуна и на разни начини да консумираат канабис, заради намалување на болки или, едноставно, за релаксирање. Велат дека тоа ги прави подобри родители.

Во Калифорнија консумирањето на марихуана за медицински цели е легалано и многу често се појавуваат нови трендови во користењето на оваа билка.

Освен пушењето, „Марихуана мајките“, како што пренесе Блиц, подготвуваат и разни јадења од лисјата и од плодовите на оваа билка, како салата од канабис, пилешко печено во маслото од канабис или милк шејк од марихуана.

Черил Шуман е 53-годишна мајка на две деца, која медицинската марихуана почна да ја консумира пред две години, кога и беше дијагностициран рак. Откако добро се распраша за сите аспекти на дејствување на канабисот, почна да организира вечери за други жени кои имаат проблеми со хроничните заболувања.

Таа и самата смета дека марихуаната ја прави подобра мајка, бидејќи не трпи болки, не е нервозна и рационална е во своите постапки.

Со неа целосно се сложува и Џенуари Томас (37), мајка на едно дете, која консумира марихуана за ублажување на болките предизвикани од артритис и убедена е дека поради марихуаната е добра мајка.

Хезболах истрела неколку десетици ракети кон Израел

Либанското исламистичко движење Хезболах синоќа соопшти дека истрелало десетици ракети врз северен Израел како одговор на смртта на двајца цивили во јужен Либан, во напад за кој е обвинет Израел.

Борците на Хезболах истрелаа „десетици ракети Катјуша“ врз северен Израел „како одговор на нападите на израелскиот непријател врз домовите на цивилите, особено за масакрот во Ханин и смртта на цивили“, се вели во соопштението на проиранското шиитско движење.

Од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Појасот Газа на 7 октомври, секојдневно има размена на оган меѓу израелската армија и Хезболах, кој тврди дека го поддржува палестинското исламистичко движење.

Проиранскиот Хезболах, кој има арсенал ракети и прецизни проектили, гаѓа израелски воени позиции и локации во близина на границата, а Израел реагира со бомбардирање цели на либанска територија, претежно на југ, вклучително и целни напади врз припадници на Хезболах и Хамас. /МИА

Во Кавадарци отворени гласачките места, се гласа за претседател на државата

 Во Кавадарци утрово навремено беа отворени гласачките места, се гласа за претседател на државата, информираше претседателката на Општинската изборна комисија, Емилија Петровска. 

- Малку проблеми пак со убиг апаратите. Но, со помош на ИТ лицата, се е ставено во ред, нагласи таа за МИА.

Петровска потсети дека за вчерашниот ден, за гласање беа пријавени 110 болни и немоќни лица во домашни услови и 14 штитеници во Дом за вонсемејна грижа „Др.Јанески" во кавадаречкото село Чемерско.

- Согласно на законот, тие лица гласаа вчера, ден пред изборите за претседател на државата денеска. Во избирачкиот список за општина Кавадарци се евидентирани вкупно 31.868 гласачи, соопшти Петровска.

Таа појасни дека немаа пријавено лица од оваа општина што издржуваат казна затвор, а кои исто така можеа да гласаат во текот на вчерашниот ден.

Отворени се сите избирачки места во десетте општини во Југоистокот

Сите 273 избирачки места во десетте општини во Југоистокот се отворени утрово во 7 часот, а право на глас во првиот круг на претседателските избори имаат 141.167 гласачи.

Според информациите од општинските изборни комисии, гласањето веќе тече, а освен неколку мали технички проблеми со фингер и УВ апаратите не се забележани други проблеми. Според изборните комисии техничките проблеми се надминуваат и не влијаат на изборниот процес.

Инаку, во Југоисточниот плански регион се гласа во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово.

Вчера гласаа болните и изнемоштените и затвореници од затворите во Струмица и Гевгелија.

притисни ентер